-3.2 C
Скопје
02:26 - 19 февруари, 2026

Познатите сестри обожаваат да се разголуваат, а само две од нив се сликаа за „Плејбој“ (ФОТО)

Сестрите Кардашијан често позираат голи, но од сите пет, само Ким Кардашијан (39) и Кајли Џенер (22) имаат позирано за магазинот „Плејбој“.

Кајли Џенер и нејзиниот партнер Тревис Скот (28) пред неколку месеци позираа за славниот магазин.

На една од фотографиите, најмладата милијардерка ги покажа сите свои атрибути, а во прв план беше нејзиниот задник кој повеќето сметаат дека е дело на пластична хирургија.

Фотографиите предизвикаа голем интерес кај јавноста, а следеше и интервју со најинтимните признанија на младиот пар за нивниот живот и нивната љубов која во 2018 беше крунисана со раѓањето на нивната ќерка Сторми Вебстер (2).

Целото Кардашијан-Џенер семејство е познато по тоа дека нема проблем со провокативните фотографии. Затоа Ким, Кортни, Клои, Кендал и Кајли често може да ги видиме во разголени изданија за различни магазини, но и друштвени мрежи, а за тоа заработуваат милиони.

Сепак, за легендарниот „Плејбој“ пред Кајли, позираше и нејзината постара сестра Ким Кардашијан, која се прослави со дружењето со Парис Хилтон (40) и домашното видео со тогашниот дечко.

View this post on Instagram

#BreakTheInternet

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on

Тогаш таа тврдеше дека не ѝ е пријатно да биде разголена во јавност, што во досегашна перспектива се докажа спротивното. Сепак, кога во 2007 година прв и единствен пат се соблече за „Плејбој“, беше после многу трпение и голема моќ на убедување од страна на покојниот Хју Хефнер кој конечно успеа да ја убеди ријалити-ѕвездата да го прифати предлогот.

Таа светот го воодушеви со изгледот во црвениот комплет и бисерните ланчиња кои ги прикриваа само најунтимните делови.

Instagram

Сепак, таа насловна страна беше надмината од популарноста на онаа за магазинот „Пепер“ на кој во преден план беше нејзиниот задник, а магазинот под нејзината фотографија напиша „Сруши го интернетот Ким Кардашијан“ што тоа и го направи.

Слични објави

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо

Ленче и Горан Кукиќ имаат голема причина за славење и за частење

apostolova

„Би одел со Јелена кај Луна Ѓогани“ – Слоба Радановиќ изненади со признание за поранешната девојка

Е.А.

(Фото) Итно огласување на Андрија Милошевиќ: Актерот жртва на голема измама, ангажирал и адвокат

Еспресо

Каде е денес и со што се занимава Шваба од култниот филм „Рани“?

Е.А.
Се вчитува....