17.8 C
Скопје
15:29 - 18 октомври, 2026

(ПОСТАПКИ) Велигденско украсување на трпезата со платнени салфети: ЛЕСНО, КРЕАТИВНО, НЕОДОЛИВО!

Велигденската трпеза е целата во симболите на големиот празник, морковчиња, пилиња, јајца…, а платнените салфетки на масата за свечениот неделен ручек, можат да ја „одиграат“ главната улога во декорирањето.

Доколку сакате да се занимавате со нешто софистицирано, можете да ја покажете вашата креативност и покрај јајцата необично обоени, да декорирате/обликувате десетина салфетки кои се во склад со празникот. Така, доколку сакате да побегнете од вообичаеното и барате едноставен, а во исто време импресивен начин да ги изненадите најблиските, од салфетите, на пример, направете прекрасно зајче.

Клучот за постигнување на овој стил е да изберете квадратни салфетки. Ако се поголеми – резултатот е подобар, а постапката е слична како кога правите авиони од хартија.

Отворете ја салфетката и преклопете ја на третини. Ставете го прстот на средина и преклопете ја прво едната, па другата страна за да добиете триаголник. Слично е како да правите детски авиони од хартија. Потоа преклопете го горниот дел за да добиете квадрат. Потоа преклопете го истиот тој дел на половина и поврзете го со лента. Долниот дел , кој изгледа како триаголник, свретете го нагоре.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by B&C (@host_to_perfection)

Во фотогалеријата ви претставуваме повеќе идеи за инспирација.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FAN LEATHER (@fanleather_official)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chelsea🌿 (@blessed_ranch)

Видеата ви презентираат како на лесен начин од платнена салфетка да направите гнездо за велигденските јајца, роза, зајче и елегантен џеб за приборот за јадење.

ОСлободете ја вашата фантазија, декорирајте и забавувајте се, и секако – вклучете ги децата во велигденското разубавување на домот.

Слични објави

„Лука вели ‘Здраво на светот’“: Марија и Бојан од „Ај кју“ станаа родители

Еспресо

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.
Се вчитува....