3.8 C
Скопје
22:41 - 11 март, 2026

Почина Зденка Вучковиќ, првата детска ѕвезда во поранешна Југославија (ФОТО+ВИДЕО)

Зденка Вучковиќ почина денес, на 8-ми март 2020 година, во Загреб по кратко и тешко боледување, во својата 78 година од животот. 

Денес почина легендата на екс-југословенската музичка сцена, Зденка Вучковиќ, која својата кариера ја започна на Опатискиот фестовал во 1958 година, кога како 15-годишно девојче со Иво Робиќ ја испеа песната „Моето мало девојче“.

По тажната вест која одекна во недела наутро, се присетуваме на некои интересни детали од интересниот живот на Зденка, меѓу другите, и на дуетот со Северина (1991) со песната „To love Somebody“ , како и на дуетот со Лука Нижетиќ. Со него настапила во 2010 година со песната „Веслај“ на Сплитскиот фестивал.

Зденка и Северина ја изведоа во дует песната „To love somebody“ на „Би Џис“, но во хрватска верзија. Зденка сама ја пеела истата песна во хрватска верзија уште пред 20 години, а таа нејзина изведба била прогласена за интерпретација на годината.

Зденка израснала во Загреб, заедно со пет години постарата сестра Нада. Семејството Вучковиќ било добростоечко и музички образувано, па лесно го препознале талентот кај малата Зденка. Кога победила на еден детски натпревар, веднаш ја запишале во музичко училиште, каде учела пеење и свирење на тогаш популарниот инструмент хармоника.

Првите поголеми настапи се случиле во 1957 година во Загреб. Кариерата на Зденка започнала во 1958. кога како 15-годишна девојка настапила на Опатискиот фестивал со две песни – „Мое мало девојче“ и „Куќичка во цвеќе“.

Со двата настапи ја воодушевила публиката и така влегла на голема врата на естрадната сцена.

Била прва тинејџерска поп ѕвезда во 60-те години и била високотиражна ѕвезда на „Југотон“.

На крајот на 50-те години, го запознала композиторот Крешимир Облак кој набрзо станал нејзин неразделен музички партнер и личен композитор. На крај, Крешимир станал и нејзин животен партнер – се венчале во 1971 година.

Од 1980. нејзините настапи станувале поретки. На фестивалот во Загреб во 1989 се збогувала од музичката кариера со песната „Порасна малото девојче“.

Зденка Вучковиќ почина денес, на 8-ми март 2020 година, во Загреб по кратко и тешко боледување, во својата 78 година од животот.

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....