08:26 - 9 ноември, 2026

Почина светскиот пијанист Џорџ Винстон: Имаше сон за уште една турнеја, но му подлегна на ракот

Пијанистот Џорџ Винстон почина на 73-годишна возраст, известува Дедлајн.

Музичарот десет години се бореше со ракот. Тој беше подложен на трансплантација на коскена срцевина во 2003 и 2012 година.

Винстон го издаде својот 16-ти студиски албум Night на 6 мај 2022 година преку RCA Records, но ги одложи датумите на овогодинешната турнеја поради здравствени проблеми. Уметникот планираше да ја продолжи турнејата во 2024 година.

Винстон има продадено 15 милиониалбуми, а во 1996 година освоил Греми New Wave за неговиот седми албум Forest. За време на неговата креативна кариера, која започна со првиот соло албум на пијано, наречен „Балади и блуз“ (1972), музичарот беше номиниран пет пати за Греми.

Во 1983 година, уметникот ја основа својата издавачка куќа, Dancing Cat Records. Албумот од 2002 година The Night Divides the Day: The Music of The Doors содржи инструментални делови од пијано на песните на The Doors.

Винстон, исто така, снимил композиции за помош на ураганот Катрина и за поддршка на истражувањето на ракот.

Слични објави

Хороскоп за понеделник, 9 ноември: Младата Месечина носи нови почетоци, некои знаци ќе се соочат со старите емоции

Т.Ц.

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova
Се вчитува....