16.8 C
Скопје
13:39 - 18 октомври, 2026

„По 1.000 долари дневно“: Еве како српската старелта купувала луксузни недвижнини, ова е вистината за нејзината заработка во Америка

Старлетата и поранешна учесничка во реално шоу Станија Добројевиќ со години ја интригира јавноста со својот луксузен начин на живот.

Луксузен стан во родната Рума, егзотични патувања, гардероба на светски дизајнери и дом на Флорида често се предмет на дискусија, а сега таа ги откри деталите од својот прв сериозен финансиски успех.

Старлетата еднаш зборуваше за финансиите, паоткри како ги заработила првите 100.000 долари.

– Првиот стан како девојче го имав во Нови Сад, а мајка ми беше најсреќна кога решив да купам стан во нивна близина во Рума. Го земав тој стан од „Задруга 2“ и го продадов тој стан во Нови Сад. Сега имам стан од 120 квадрати. Не би зборувала за бројки, колку и да чини, сега е мојот дом – изјави Станија.

Добројевиќ живее меѓу Америка и Србија. Таа има куќа на Флорида, за која вели дека се уште не се исплатела.

-Куќите таму се прескапи, од 300.000 најевтини до неколку милиони. Таму земате заем, кој можете да го вратите со текот на годините. Јас живеам таму во Њу Џерси во куќа, а друштвото ми е во Мајами – беше јасна таа.

Станија откри дека некогаш работела во казино, што ѝ било прва работа.

– Заработив пари во казиното како дилер на Блек Џек. Мојата прва работа, дојдов како студент и заработував 1.000 долари дневно. Само што работевме таму и после неколку месеци гледаш колку имаш на сметката и тоа е шок. Си реков тогаш дека нема да престанам додека не заработам 100.000. Затоа што кога ги направив првите даноци, а вие заработувате 45, 50.000 месечно, тоа беше како да сте на врвот на светот. Се вратив во Србија, купив стан и автомобил и повеќето пари ги потрошив на патувања. Не жалам за тоа – изјавила еднаш за „Курир“.

Слични објави

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо

Дневен хороскоп за 18 октомври: Овни, одвојте повеќе време за одмор

Еспресо
Се вчитува....