15:08 - 8 ноември, 2026

Песков: „Санкциите ќе им се вратат како бумеранг на Западот“, „резултатите ги гледаме со криза на храна и цените на електричната енергија“

„Русија е преголема земја за војна против неа (со санкции) зашто ќе се врати како бумеранг“ – рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кој во долго интервју за руската агенција Тасс, зборуваше за следниот Меѓународен економски форум во Санкт Петербург, на кој на 17 јуни ќе учествува и самиот претседател Владимир Путин.

„Сите овие ограничувања, санкциите што се воведени (против Руската Федерација) влијаат на цените на енергијата, храната и така натаму“, истакна Песков, предвидувајќи дека Путин во својот говор секако ќе го допре ова прашање.

Во интервјуто за руската агенција Тасс, Песков објаснува дека „економијата стана заложник на политиката, а политичарите во многу земји направија огромен број грешки за време на коронавирусот“.

„Светот сега ја плаќа цената за овие грешки. Грешките беа влошени со економската војна што беше започната против Русија. Русија е преголема земја за војната против неа да не се врати да ги прогонува како бумеранг. И сега гледаме како сите овие ограничувања, санкциите што се воведени [против Руската Федерација], ги погодуваат цените на енергијата, храната итн. Ги гледаме резултатите од грешките на многу земји, кои се манифестираат со почетокот на кризата со храна. И така натаму и така натаму. Се разбира, невозможно е да не се зборува за тоа и сигурен сум дека претседателот ќе зборува за тоа (на меѓународниот економски форум)“ – вели Песков.

 

Слични објави

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.
Се вчитува....