Меган Маркл веќе прави планови за својот прв „настап“ после „Мегзит“, поточно откако таа и нејзиниот сопруг принцот Хари, се откажаа од своите кралски должности и се оттргнаа од кралското семејство, пишува Daily Mail.
Меган (38) според пишувањата на магазинот Page Six, неколку пати ќе се појави во канадското реално-шоу „I Do, Redo“.
Ова шоу зборува за парови кои планираат втора венчавка откако катастрофи ја уништиле првата церемонија.
Ријалити шоуто ќе биде емитувано на Нетфликс, а ќе го води организаторката на венчавки од Торонто, Џесика Мулроун, која инаку е блиска пријателка на Меган Маркл.
Ова следува откако Меган и Хари отстапија од своите кралски должности, со желба да станат финансиски независни.
Како што пишува Daily Mail, гостувањето на канадската телевизија се плаќа 588 долари дневно, но за сега не е познато дали Меган ќе биде платена.
Ријалити шоуто се состои од 10 епизоди и збори за катастрофите кои паровите ги доживеале на своите први венчавки, пред повторното остварување на соновите на 10 пара.
И Меган Маркл се венчала 2 пати, а се развела од првиот сопруг пред да се омажи за Хери на церемонијата која ја гледаше целиот свет.