8.8 C
Скопје
19:26 - 31 март, 2026

Откажана големата турнеја на Влатко Лозаноски во САД и Канада

Нашата моментално најголема музичка ѕвезда Влатко Лозаноски – Лозано ја откажа турнејата во Америка и Канада која беше закажана веќе неколку месеци порано.

– Почитувани, заради општо безбедносна и здраствена превентива, официјално претстојната турнеја за САД и Канада е откажана. Алармантната ситуација со заразниот вирус е главната причина за нејзино неопределено одложување, се додека не се смири ситуацијата. Чувајте се, држете се до превентивните мерки за заштита од СЗО, ние се гледаме наскоро. Ве сака Ваш Лозано – Влатко Лозаноски – објави популарниот пејач на неговите социјални мрежи.

 

View this post on Instagram

 

❗Почитувани, заради општо безбедносна и здраствена превентива, официјално претстојната турнеја за САД и Канада ????, е откажана. ?. . ? Алармантната ситуација со заразниот вирус е главната причина за нејзино неопределено одложување, се додека не се смири ситуацијата. . Чувајте се, држете се до превентивните мерки за заштита од СЗО, ние се гледаме наскоро?, Ве сака Ваш Лозано – Влатко Лозаноски. ?

A post shared by Lozano (@vlatkolozanoski) on

Лозаноски требаше да настапи во поголемите градови во САД како што се: Чикаго, Индиана, Њу Џерси, Детроит и Торонто во Канада.

Инаку вчера претседателот на САД – Доналд Трамп соопшти дека се забранети сите летови од Европа кон САД.

Слични објави

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо

(Фото) Виктор Живојиновиќ наполни 28 години: Бренa и Нина Бадриќ му пееле на прославата

Еспресо

(Фото) Иванка Трамп направи шоу во пустината – ретко ја гледаме во вакво издание

Еспресо
Се вчитува....