10:17 - 27 ноември, 2026

Орландо Блум прво погрешно го истетовира името на синот, а сега се пофали и со нова тетоважа

Орландо Блум пред неолку дена ги заинтригира фановите на Инстаграм со новата тетоважа.

Глумецот сакал со Морзеовата азбука да го напише името на неговиот син Флин и датумот и времето на неговото раѓање.
Но, тоа го направил погрешно.

„Ако со Морзеова азбуката требало да пишува Флин, тогаш имате грешка“, му напиша во коментар еден од неговите следбеници.

И другите фанови се вклучија во дискусијата и открија дека на раката е напишано FRYNN, а не FLYNN, како што се спелува ова име на англиски јазик.

Веднаш се огласи мајсторот за тетоважи кој го истетовирал Блум и рече дека знае за грешката и дека наскоро ќе ја преправи со додавање уште една точка.

По корекцијата на тетоважата, ѕвездата на „Пиратите од Карибите“ се пофали со уште една тетоважа, која му ја посветил на неговото куче со кое бил многу приврзан.

Слични објави

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.

Дневен хороскоп за 27 ноември: Не дозволувајте промените во расположението на другите луѓе да ви пречи

apostolova

(Фото) Драгана Мирковиќ ретко ја гледаме во костим за капење: Еве како изгледа кога ќе се соблече

Еспресо

Аница Лазиќ со објава ги подгреа шпекулациите за принова со Ристовски: „Дали сте подготвени да станете родители?“

Еспресо

Сопругата на Драган Лазиќ првпат се огласи по неговата трагична смрт: Со емотивна порака покажа колку ѝ недостига

Еспресо
Се вчитува....