18.8 C
Скопје
02:51 - 20 август, 2026

Официјално го завршија бракот: Вака го поделија богатството од 100 милиони долари, замокот во Виена ѝ остана на Драгана Мирковиќ

Српската пејачка Драгана Мирковиќ и бизнисменот Тони Бијелиќ официјално се разведоа по 25 години брак.

Имено, Драгана Мирковиќ поднесе барање за развод пред 13 месеци, а пред австрискиот суд ги потпиша сите потребни документи.

Имотот на српската пејачка Драгана Мирковиќ и нејзиниот сега веќе поранешен сопруг, претприемачот Тони Бијелиќ е официјално поделен откако двојката го заврши својот брак и судски. Меѓу другото, Драгана го доби луксузниот замок во близина на Виена.

Инаку, откако Тони се исели од замокот во Виена, пејачката во него остана сама, но листата на имот што го стекнале во текот на сите овие години е долга.

Драгана се наоѓа и на листите на една од најбогатите јавни личности од овие простори. Нејзиното богатство, според најновата проценка на веб-страницата „Net Worth Celebrities“, изнесува 100 милиони долари, со што ја престигна и регионалната ѕвезда Лепа Брена.

Значајни извори на приход биле оние што ги создале преку заеднички деловни потфати. На прво место, станува збор за телевизијата на чие чело се наоѓа пејачката од 2005 година. Сега веќе поранешните сопружници поседуваат и компанија за продажба на луксузни автомобили веќе 10 години, а меѓу нивните муштерии се и голем број нејзини колеги.

Драгана и Тони поседуваат бројни недвижности, некои во Австрија, некои на Балканот, а познато е и дека тој го препишал своето богатство на пејачката. Замокот е декориран според најнов стил, а деталите од ентериерот се импресивни.

Големата куќа во која живееле се наоѓала во непосредна близина на замокот, кој е на периферијата на австриската престолнина.

 

 

Слични објави

(Видео) „Пукна тиквата“: Девојката му раскина на Душко Тошиќ поради роденденот на Јелена Карлеуша

Еспресо

(Фото) „Кога ќе се спојат две „берби ’63“: Дарио сподели интересна приказна со Игор Џамбазов

Еспресо

(Фото) Сопругата на Биковиќ и ќерката на Чолиќ уживаа во ноќно излегување – се појавија во атрактивни модни комбинации

Еспресо

(Фото) Посебен ден во домот на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ: Мајка му објави досега невидена фотографија од него

Еспресо

(Фото+видео) Евче покажа како си поминала на концертот на Кети Пери и Луис Капалди

Еспресо

(Фото) Вратете ја природата во домот со уникатниот мебел на Wood Room

Еспресо
Се вчитува....