17:58 - 31 март, 2026

НОВИ СОЗНАНИЈА: Дали ќе треба да се вакцинираме против ковид на секои шест месеци, ќе ни треба ли и четврта доза? Одговара креаторот на вакцината Астра Зенека

Unsplash

Дали ќе мора да се вакцинираме сите против ковид двапати годишно? Еве го мислењето на Ендрју Полард, еден од креаторите на вакцината Оксфорд-Астра Зенека.

Периодичното вакцинирање на секој жител на планетата против Ковид не е одржливо: гласно и јасно вели Ендрју Полард, професор на Универзитетот во Оксфорд кој придонесе за развојот на вакцината Оксфорд-Астра Зенека.

Во интервју за британскиот канал SkyNews, експертот изјавил дека аплицирање на бустер дози на граѓаните на целиот свет на секои четири или шест месеци не само што не е можно, туку веројатно не е ниту потребно. Понатаму дополнува дека најранливите поединци ќе треба периодично да се вакцинираат, но дека во иднина е многу малку веројатно дека ќе треба да се организираат редовни кампањи за вакцинација.

ПРВА ДОЗА. Полард, исто така, ја допира темата за која често се дискутира, онаа за многу нискиот опфат со вакцинација на најсиромашните земји: „Не успеавме ни да му понудиме доза на секој африкански граѓанин“, коментира тој и додава: „како можеме тогаш некогаш да дојдеме до поентата на применување на четврта доза на секој човек на планетата?“.

ЧЕТВРТА ДОЗА: ДА ИЛИ НЕ? Додека Полард ја отфрла идејата за четврта доза за секого, Израел веќе почна да дава уште една дополнителна доза за над 60. годишните граѓани, а германскиот министер за здравство Карл Лаутербах рече дека четвртата доза „ќе биде неопходна“.

Од друга страна, повнимателен е американскиот имунолог Ентони Фаучи, според кого се уште е прерано да се зборува за четвртата доза: „Една од работите на која ќе мора да внимаваме е времетраењето на дадената заштита со бустер дозата“, објаснува Фаучи, истакнувајќи дека ако засилената доза штити подобро од само две примени дози, четвртата доза можеби нема да биде потребна долго време.

Уште еднаш мора да се нагласи дека иднината е само делумно во наши раце: соочени сме со вирус кој секој ден нè принудува да ги преиспитуваме нашите верувања во „добрата страна„ на новите варијанти, па ни останува само да чекаме и да се надеваме дека Омикрон е излезот од пандемискиот кошмар.

 

Слични објави

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо

(Фото) Виктор Живојиновиќ наполни 28 години: Бренa и Нина Бадриќ му пееле на прославата

Еспресо

(Фото) Иванка Трамп направи шоу во пустината – ретко ја гледаме во вакво издание

Еспресо

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо
Се вчитува....