23:10 - 9 ноември, 2026

Неверојатна побарувачка! За седум минути биле продадени над 42.000 билети за Евровизија

За само седум минути, илјадници билети биле продадени за „Изборот за песна на Евровизија“, што ќе се одржи оваа година во швајцарскиот град Базел. Откако вчера во 10 часот започнала продажбата, побарувачката за билети била огромна, објави телевизијата „СРФ“ која дел од тимот на годинешниот музички настан.

Шолц со критика до конзервативецот Мерц по добиената поддршка од АфД: Традиционалната германска коалиција е доведена во прашање
До четири билети можеле да купат само оние кои се пријавиле однапред за ова натпреварување. Билети исто така биле продавани и за пробите на изведувачите, па така 42.000 влезници биле продадени во рекордно време.

Бројот на достапни билети сè уште не е одреден. Организаторите велат дека зависи од тоа колку простор ќе биде потребен за звучна и видеоопрема, па така се претпоставува дека ќе бидат пуштени во продажба меѓу 50.000 и 60.000 билети, кои ќе чинат од 40 до 350 швајцарски франци (од 44 до 385 долари), а најскапи ќе бидат оние за стоење до сцената.

Вкупно девет настапи ќе се одржат во неделата која ќе започне на 12 мај, а големото финале ќе се одржи на 17 мај во „Сент Јакобсшале“ во Базел.

Подоцна ќе биде поставена и онлајн платформа каде оние кои не можат да присуствуваат на натпреварот ќе можат да ги продаваат своите влезници.

Ќе се организираат и забави за публиката која сака да го следи натпреварот надвор од салата, а еден таков простор е големиот фудбалски стадион веднаш до „Сент Јакобшале“, кој може да прими околу 36.000 гледачи.

Овогодишната Евровизија е организирана во Швајцарија благодарение на поп-уметникот Немо, кој победи на 2024 година на шведскиот натпревар во Малме.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....