6.8 C
Скопје
21:46 - 19 ноември, 2024

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (7-13 февруари): Стрес за Раковите, добри вести за Биковите, убави изненадувања за Скорпиите…

неделен хороскоп

Ова ќе биде прилично стресна недела за Раковите, кои ќе мора да се борат со опозицијата на Венера, Марс и Меркур. Среќна пак, за Рибите и Биковите. А вие, во кој знак сте родени? Дознајте со нас што ви подготвуваат ѕвездите оваа недела.

Овен: Нервозна недела

Неделава ќе го изгубите трпението во неколку наврати. Венера, Марс и Меркур во неповолна положба ви носат тензии и дома и на работа. Најтешки денови ќе бидат сабота и недела, кога дополнителни пречки ќе ви создава и неповолната Месечина. За да побарате дијалог со вашиот партнер или да решите прашање што ви е при срце, фокусирајте се на среќните денови: четврток и петок.

Бик: Одлично!

Ова ќе биде многу среќна недела за вашиот знак! Започнува со два месечеви дена, во кои можете да ја добиете добрата вест што ја чекавте. Меркур во поволна положба ви олеснува на полето на работата и меѓучовечките односи. Венера, од своја страна, ја прави вашата романтична врска посилна. Сабота и недела се особено романтични денови.

Близнаци: Плодни со идеи

Во овој период нема да ви недостасуваат идеи, но Јупитер во неповолна положба ќе ја забави нивната реализација. Не земајте сè при срце и продолжете да работите напорно бидејќи вашето време наскоро ќе дојде! Во меѓувреме, фокусирајте се на среда, четврток и петок, кога ќе можете да сметате на прекрасната Месечина подготвена да ви донесе повеќе среќа.

Рак: Каков стрес!

За жал, ова ќе биде многу стресна недела за вашиот знак, кој се наоѓа во опозиција со планетите Венера, Марс и Меркур. Нема да биде лесно да го добиете она што го сакате: на работа ќе има забава, додека во љубовта тензијата со партнерот вртоглаво ќе расте. Треба да ги искористите до максимум нешто посреќните денови сабота и недела.

Лав: Закрепнување

Во овој период си ја враќате загубената енергија. Можеби ќе недостасуваат некои големи пресврти, но она што ви треба е спокојство за повторно да ги наполните батериите. Во понеделник и вторник може да има одредени непријатности предизвикани од Месечината во неповолна положба. Подобро, сепак, ќе биде во среда, четврток и петок, кога ќе ви се разбудат пријатните чувства.

Девица: Интересни прилики

Вашата недела ќе биде среќна во целост: планетите Венера, Марс и Меркур ќе ве фаворизираат и на сентиментално и на работно поле. Ќе остварите нови контакти и ќе ви се отворат интересни можности, особено во првиот дел од неделата. Во среда, четврток и петок, сепак, ќе мора да се справите со Месечината во неповолна положба, што може да ви донесе лошо расположение.

Вага: Жестоки дискусии

Уште една недела полна со стрес за вашиот знак, кој се соочува со неколку планети во неповолна положба: Венера, Марс и Меркур. На работното место може да доживеете неуспех или да се разочарате во колегите. Обрнете внимание на викендот, кога нервозната Месечина би можела да го нагласи нетрпението со партнерот и да ве втурне во жестоки дискусии.

Скорпија: Убави изненадувања

Вашата недела започнува со два напнати денови, понеделник и вторник, во кои може да се чувствувате меланхолично. Во реалноста – не сте во право: ѕвездите делуваат во ваша полза и ќе ви донесат убави изненадувања, како на професионален план, така и на сентиментално поле. Особено среќни ќе бидат деновите сабота и недела, со прекрасна Месечина, која ќе свети во ваша корист.

Стрелец: Лошо расположение

Oваа недела ќе мора да ја издржите Mесечината во опозиција во среда, четврток и петок, кога работите ќе ви се лизгаат низ раце. Во работната средина ќе ви се отворат нови сомневања, а тоа ќе ви донесе лошо расположение и нервоза, која ќе ја префрлите и дома. Викендот дозволете си релаксација во друштво на некој кој знае како да ве насмее.

Јарец: Пристигнуваат наградите!

Планетите се наредени во ваша корист, спремни да ви донесат големи задоволства, на приватен и деловен план. Венера делува во ваша полза – ќе се чувствувате убаво во друштво на саканите, додека Марс и Меркур ќе ви помогнат да се истакнете на работното место и конечно ќе ви ги донесат заслужените награди. Внимавајте само на нервозните денови сабота и недела.

Водолија: Преодна фаза

Вашата недела започнува со два нервозни дена поради неповолната Месечина, во кои можете да доживеете моменти на изливи на бес. Среќна Месечина, пак, ќе имате во среда, четврток и петок, кога ќе пристигнат убави вести. На професионален план се наоѓате во момент на транзиција, затоа ќе биде важно секогаш да донесувате мудри одлуки и да не бидете под преголемо влијание од околината.

Риби: Само напред!

Вашата недела ќе биде полна со енергија и ентузијазам: дури четири планети работат во ваша полза – Јупитер, Венера, Марс и Меркур. Никој нема да може да ве спречи на работното место, наскоро ќе можете да постигнете важни резултати! На планот на чувствата, не плашете се да зачекорите напред: Венера, која е активна во ваша корист, ќе ви даде неверојатна заводлива моќ. Денови на нервозна Месечина: четврток и петок.

Слични објави

(Фото) „Добредојде Хана!“: Адам Лабунски стана татко на ќерка!

Еспресо

(Фото) На имот од 30.000 евра се шетаат свињи: Ова е фармата на Вељко Ражнатовиќ, еве како го издржува семејството

Еспресо

„Брат ми ја бранеше мајка ми за татко ми да не је убие од ќотек“: Потресна исповед на Сека Алексиќ, се присетила на траумите од детството

Еспресо

(Видео) Исплива видео од Десингерица и хрватската ѕвезда од сајтовите за возрасни: Во преден план бујните гради на згодната русокоса

Еспресо

„Сигурна сум дека мојот сопруг гледа порнографија“: Гоца Тржан проговори за бракот со Раша

Еспресо

Имаше само 35 години: Почина актерот од популарната серија „Три Хил“ од рак

Еспресо
Се вчитува....