22.8 C
Скопје
17:30 - 20 октомври, 2026

СЕРИЈАТА „ПАМ И ТОМИ“ Е ЗАБРАНЕТА ЗА МАЛОЛЕТНИ: Скандалозното видео на Памела Андерсон стана тема за најочекуваната серија на почетокот на годинава

Првите епизоди од мошне очекуваниот нов проект на Дизни почнаа да се емитуваат.
Првите три епизоди од серијата наречена „Пaм и Томи“ (Pam & Tommy.) се достапни од 2 февруари на Star во рамките на дигиталната платформа. Следниве епизоди ќе пристигнуваат навремено на неделно ниво.

Апсолутна новина е што гледањето на серијата е забрането за малолетници под 14 години. Серијата го прикажува скандалот со секс снимката на Памела Андерсон и Томи Ли, кој избувна кон крајот на 1990-тите. За да ја раскаже оваа неверојатна приказна, Дизни решил да се фокусира на некои лица со кои претходно работел.

Серијата е сместена во раните денови на Интернетот, кога сè уште немаше правила. „Пам и Томи“ се заснова на неверојатната вистинска приказна за секс снимката на Памела Андерсон, која ја игра убавата Лили Џејмс, и Томи Ли, кој го игра Себастијан Стен – саканиот актер кој стана познат по својата улога во филмот Avengers.

Спорното видео беше украдено од домот на сопружниците од страна на еден незадоволен работник и беше видено од милион луѓе. Скандалот од реалниот свет заврши на интернет во 1997 година.

Серија се состои од осум епизоди. Раскажува приказна за љубовта, криминалот но и го истражува односот помеѓу приватноста, технологијата и славните личности, следејќи го потеклото на нашата сегашна ера на реални шоуа – сите важни теми, особено во денешно време, на кои особено младите треба да размислуваат.

Слични објави

Јована Јеремиќ најави шокантни информации за Каспер: „Мина не е единствената жртва, има и други!“

Еспресо

Глумеше од душа и донесе милиони насмевки, а почина заборавен од сите: Пред 23 години нè напушти легендарниот Чкаља

Еспресо

Ви се замаглуваат прозорците? Едноставен трик со производ што го имате во бањата може да помогне против кондензацијата

К.С.

(Фото) Маја Шупут уживаше во вечерно излегување со новото момче: „Маса само за нас двајца“

Еспресо

„Жената што ме донесе на свет сè уште се прашува каде згрешила“: Синот на Лила со емотивна порака за мајка си

Еспресо

Крај на едно пријателство — Деси Слава ги прекина сите врски со Азис откако тој ја откажа соработката за нејзиниот концерт

E.A.
Се вчитува....