26.8 C
Скопје
15:37 - 6 октомври, 2026

МИНАТОТО НА ПОРАНЕШНОТО МОМЧЕ НА ЦЕЦА: Син на поранешен спортист и политичар, угостител и татко на малолетна ќерка!

Светлана Цеца Ражнатовиќ (48) една година беше во врска со Богдан Срејовиќ (39), а нивните заеднички моменти ги преплавуваа регионалните медиуми. Јавноста во тие моменти веднаш се заинтересира за семејството и минатото на познатиот српски угостител.

Имено, таткото на Богдан, Милош Срејовиќ е поранешен успешен спортист во дисциплината трискок, а притоа има освоено и златен медал на Европското првенство во Прага во 1978 година.

Instagram
Instagram

Поради повреда, тој ја прекинал својата спортска кариера на дваесет и пет години. Завршил економски факултет и е член на Менс. Се занимавал и со политика во 1994 година, кога станал и помошник министер за спорт.

Срејовиќ Јуниор, или попознат како Богдан, кој пошироката јавност пред една година го запозна како партнер на вдовицата на Аркан, работи во угостителска дејност многу години, а според српските медиуми, тој е управител на неколку „елитни“ ресторани во Белград.

Instagram
Instagram

Зад себе има еден брак со сегашната девојка на Саша Ковачевиќ, Зорана Тасовац. Богдан е разведен веќе 5 години, а од тој брак има малолетна ќерка.

Facebook
Facebook

Според близок извор на парот, средбата на Цеца и Богдан Срејовиќ се случила на роденденот на една пријателка на пејачката, а по неколку недели дружење, двајцата започнале романтична љубовна врска. Фолк – дивата по долги години срцето му го препушти на Богдан, но за жал таа љубов траеше само една година.

Instagram

„Првата средба меѓу Цеца и Богдан се случи на роденденска вечера во ресторан во Белград. Потоа тие се сретнаа уште неколку пати преку заеднички пријател. На самиот почеток, двајцата ја криеја врската и се движеа само меѓу најблискиот круг на пријатели. Сепак, од Нова година тие започнаа да се појавуваат заедно на јавни места, за што сведочат и овие папарацо – фотографии направени во еден белградски ресторан. Пред тоа, парот беше виден и на Јахорина, каде уживаа во зимската магија во друштво на блиски пријатели “, пред една година изјави извор кој е близок на веќе поранешниот пар.

Слични објави

Наташа Беквалац повторно е слободна? Наводно ја прекинала врската со поранешниот фудбалер

Еспресо

(Фото) Стефан Лазаров го зеде малиот Лука од болница, па порача: „Победив“

К.С.

(Фото) Деа Ѓурѓевиќ сподели емотивна објава посветена на ќерката: „Јас те родив и засекогаш ќе…“

Еспресо

„Изгубија осум беби пред да ме добијат мене“ — Оља Карлеуша проговори за семејната драма

E.A.

(Фото) Машките одела од „Капитол“ – елеганција со совршен крој

Еспресо

Балерината Стефанија Гаштарска проговори за тешкото нарушување во исхраната: „Постојано се изгладнував себеси“

К.С.
Се вчитува....