13.8 C
Скопје
23:41 - 4 мај, 2024

РАЗГОВОР СО КСЕНИЈА НИКОЛОВА: Сонувам за многу нешта, но не очајувам по ништо, среќна сум во секој момент

Денес ќе ве запознаам со девојката која изгледа како да излегла од некоја руска бајка и чија љубов е пишувањето романи. Но, како и во бајките и во животот има нешта што нè плашат, како анксиозноста на пример. Но, сè може да се победи, кога почнуваме да го цениме мигот и да живееме во сегашноста.

Пишувањето помага да се осознаам себеси и да ги победам нештата со коишто се борам, фото – приватна архива

Убавината ти е руска, имаш ли некој руски корен?

– Ти благодарам на комплиментот. Мојата мајка е русинка и навистина се радувам што имам и потекло оттаму. Многу ја сакам Русија и поврзана сум со таа земја.

Дали убавината е среќа?

– Убавината, кога е склоп на еден целосен сет на вредности и грижа за себе, секако декa е среќа.

А што е со внатрешната убавина? Како неа ја негуваш?

– Внатрешната убавина ја негувам со постојана грижа за своето ментално здравје и надоградување на својата личност. Уживам во работата на себеси и во тој процес.

Како се справуваш со анксиозноста и како успеа да ја победиш депресијата? Кои работи ти помогнаа во тоа? Што би ги посоветувала оние кои секојдневно се борат со овие нешта?

– Анскиозноста и депресијата се теми коишто не можеме да ги дискутираме во две реченици. Едноставно не смееме. На мојот Инстаграм профил имам доста видеа, „лајвови“ со психолози и слично, каде што детално сме зборувалe на тие теми. Можам само да кажам дека нема две исти борби како што нема ни две исти приказни.

Дали пишувањето е терапија?

– Пишувањето е секако моја основа и нешто што мене во целост ме дефинира, а со тоа и ми помага да се осознаам себеси и да ги победам нештата со коишто се борам.

Кажи ни збор-два за твоите дела, романите кои си ги напишала?

– Јас сум автор на шест романи издадени на македонски јазик, од кои два се преведени и издадени на англиски, еден на руски и еден на бугарски јазик, со што мојата уметност влезе и низ интернационалните врати, што отсекогаш беше мојот сон.

фото – приватна архива

За што сонуваш?

– Сонувам за многу нешта, но не очајувам по ништо. Среќна сум во секој момент.

Што би сакала да ти се исполни во наредните пет години?

– Имам свои цели за наредните пет години, но тие никогаш не би ги кажала наглас, тие се само мои.

Која е твоја најсреќна слика од детството?

– Имам премногу среќни слики од детството, јас имав навистина прекрасно детство.

Која е најсреќната слика што ја замислуваш еден ден кога ќе остариш?

– Не замислувам ништо, навистина, многу е важно да имаме цели, но многу е важно и да живееме во моментот, во сегашноста. Порано бев опседната со очекувања, но престанав, бидејќи тоа беше грешка.

фото – приватна архива
фото – приватна архива

 

Слични објави

(Видео) Никола Роквиќ за Велигден во манастирот Свети Никола: „Многу се радувам…“

еспресо

(Фото) Бритни Спирс загрижува со однесувањето: По хаосот и расправијата си заминала боса

еспресо

(Фото) Во домот на Лепа Брена сѐ е подготвено за Велигден! Синот на пејачката се пофали со празничната атмосфера

Еспресо

(Видео) „Четири километри во кал…“: Никола Роквиќ пешачи 13 дена, се огласи колку пари собрал

Еспресо

Велика сабота: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо

„Фала Богу што сум жива“: Познатата фолкерка доживеа тешка сообраќајка, објавени сликите од автомобилот

Еспресо
Се вчитува....