22:23 - 27 ноември, 2026

„Не можам да гледам како пријателот ми умира“: Зоки Фаци се бори за живот, апел за донации

Македонскиот јутјубер Стефан Лазаров на својот профил на Фејсбук објави апел за помош на својот пријател Зоран Василевски попознат како Зоки Фаци.

„„Здраво на сите. Изминативе неколку месеци беа навистина тешки за Зоки, но секако и за мене бидејќи неговата болка ја гледам и како своја. Зоки има 25 см тумор кој мора да се отстрани доколку сака да преживее. Веќе неколку месеци операцијата се одлага, а единствен начин да се оствари побрзо е тоа да биде во приватна болница во која трошоците се огромни. Зоки не сакаше да бара милост ниту некој да го жали, но лично не можам да седам со скрстени раце и да го гледам пријателот како умира. Затоа мои добри луѓе , ве замолувам да се соединиме и да му помогнеме на човекот кој долго ве смее , да ја победи оваа битка и од понеделник да го пратиме на операција. На сликата имате сметка за донации, а потребни се околу 15,000 евра. Доколку има потреба до среда ќе отвориме и броеви. Фала ви однапред на сите, Господ да ве чува“, напиша Лазаров.

Слични објави

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо

Алекса Балашевиќ сподели емотивен спомен за својот татко Ѓорѓе: „И вечерва месечината го бара својот светец…“

Еспресо
Се вчитува....