23:29 - 9 ноември, 2026

Не е ни Луис Хамилтон, ни Том Круз ниту Џими Батлер: Кој е музичарот што Шакира го посакува?

Има повеќе славни личности кои се поврзуваат со романтичниот живот на Шакира, но засега колумбиската пејачка ниту ги потврдува, ниту ги негира гласините.

Од актерот Том Круз, до возачот на Формула 1 Луис Хамилтон или ѕвездата на Мајами Хит, Џими Батлер, секое движење на пејачката е детално анализирано во потрага по трага за тоа каква може да биде нејзината следна врска, по разделбата од поранешниот фудбалер на Барселона, Жерар Пике.

По нејзината посета на Шпанија, каде што беше забележана на трката за ГН на Формула 1 што се одржа во Барселона, повторно почнаа гласините за нејзината можна врска со Хамилтон.

Таа го посети Хамилтон во падокот, отидоа на вечера каде беа видени „многу блиски“, па дури и ја завршија ноќта на забавата која подоцна се одржа во познатиот ноќен клуб Carpe Diem.

Но, сега шпанското списание Ванитатис открива нови детали за љубовниот живот на Шакира.

Според списанието, извор близок до пејачката изјавил дека интересите на Шакира лежат на друго место… кај колега музичар!

Посетата на Шакира на Шпанија пак, според споменатите медиуми, не е поврзана со придружувањето на нејзините деца во Барселона (кои се на посета кај татко им) а наводно ниту со нејзините љубовни врски, туку за решавање на нејзините проблеми со шпанскиот правосуден систем.

(Видео) Шакира и Хамилтон не се разделуваат, по вечерата „уловени“ на забава во диско: „Маска“ им е друштвото на Нејмар и Мбапе

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....