18.8 C
Скопје
04:29 - 11 септември, 2026

Најубавата српска водителка ќе потроши 5.500 евра за породување: Еве што сѐ ќе добие за таа сума

Една од најубавите српски водителки Марија Килибарда го очекува своето прво дете со избраникот Бане Вучелиќ. Водителката со месеци криеше од јавноста дека е бремена, но сега гордо го покажува својот труднички стомак и не ја крие среќата поради доаѓањето на наследничката.

Како што сега пишуваат медиумите, водителката на почетокот на бременоста избрала приватна клиника, а за породувањето издвоила значителна сума.

– Штом дозна дека е бремена, Марија одлучи да се породи во една позната приватна клиника. Таа се определила за болницата во Белград во која оделе многу познати дами и во која работат водечките шефови на гинекологија, а Бане ја поддржал во таа одлука – рекол изворот и додал дека брачните партнери го избрале најскапиот пакет што им се нуди на родилките.

– Сеопфатниот пакет што го избраа идните родители ќе чини нешто помалку од 5.000 евра. Освен што Марија ќе има свој апартман со сите неопходни работи, вклучувајќи телевизор, интернет и посебна бања, како и бокс за новороденчето, таа ќе има и 24-часовна нега, но и превентивни прегледи по породувањето, како и третмани за најбрзо можно опоравување од породувањето – навел изворот и истакнал дека токму Бане бил тој што ја убедил Марија на најдобрите можни услови.

– Сите знаат дека Марија е скромна, па никој не се изненади што и таа беше за опцијата да се породи во некое од државните породилишта. Од тоа ја одговори Бане и ѝ објасни дека не постои опција да се штеди на породувањето и бебето. Токму тој го избра најскапиот пакет во приватното породилиште и јасно ѝ стави до знаење дека финансиите не се нејзина грижа и дека ќе ги има најдобрите можни услови кога ќе ја раѓа нивната ќерка – заклучува изворот за српски „Ало“.

 

Слични објави

Каролина сподели емотивен момент во чест на Владо Јаневски: Цел стадион ја пееше „Црно тиквешко“

apostolova

Наташа Беквалац има ново момче – пејачката „паднала“ на шармот на белградски бизнисмен

Еспресо

Ова не го очеуквав: Македонскиот диџеј Песимал искрено за настапот на Дејвид Гета

apostolova

Харис Џиновиќ повторно за разводот со Мелина — „Мислеше дека има нешто подобро, најверојатно ѝ здосадив“

E.A.

(Фото) „Опстана“: Српскиот пејач Милан Станковиќ со емотивна објава на важен ден

Еспресо

Што значи големата тројка во астрологијата?

Еспресо
Се вчитува....