20:16 - 10 ноември, 2026

(Фото) Трошна куќа, без врати и прозорци: Тука пораснала Весна Змијанац, а сега живее во раскошна вила

Во оваа сега трошна куќа, пораснала една од најголемите музички ѕвезди на овие простори.
Иако Весна Змијанац сè уште редовно го посетува семејството во Ковачи, кај Краљево, пејачката не може да спие во својата куќа бидејќи времето ја уништило, а таа не вложила ниту динар во неа и ја оставила да пропадне.

Весна уште пред речиси 30 години го напуштила топлото семејно гнездо, а потоа, од тоа останала пустелија. Куќата за малку ќе се урне, а дворот е обраснат со плевел.

Во сега трошната куќа, без прозорци и урнат покрив, Весна живеела со мајка си и и баба си, велат роднините.

Фотографиите од тошната куќа можете да ги погледнете ТУКА.

Како што еднаш раскажале соседите и роднините, Весна била добра пријателка и играла фудбал со момчињата, скокала од врбите на Ибра и со нив се однесувала како другарски. Соседите рекле и дека тренирала карате. Живеела сама со баба ѝ и се борела за своето место под сонцето.

И во градот Краљево сограѓаните имаат само пофални зборови за Змијанац, таа оставила добар белег. Познато е дека Весна повеќе од две децении живее во Букуља, каде во 1995 година изградила вила, а наскоро ќе изгради уште една голема куќа за втората внука Хана. Покрај тоа, пејачката има неколку станови во Белград, сите лоцирани на атрактивни локации, во центарот на главниот град и во Врачар.

Слични објави

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.
Се вчитува....