15:57 - 2 април, 2026

Најчудните барањa на светските ѕвезди: Ријана бара тепих со леопард принт, Лејди Гага постер од Дејвид Боуви

Познатите личности денес се идоли и пример на многумина. Отсекогаш се чинело дека сите им завидуваат на нивниот начин на живот, бидејќи ако го гледаме само она што ни дозволуваат да го знаеме за нив, се чини како нивниот живот да е вистинска бајка.

Сепак, да почнеме од тоа дека и позантите се луѓе кои имаат чувства, потешкотии во животот и многубројни проблеми. Но што се случува кога поради нивната слава стануваат арогантни?

Дали е тоа ароганција или заслужено право за привилегии и разни барања?

Како и да е, се чини дека некои од нив имаат специјални услови, кога се во прашање турнеите. Во случај некој да не може да се исполни, турнејата може и да се откаже од страна на најплатените музички изведувачи.

Ријана е една од нив. Контроверзната пејачка која сцената ја освојува сцената со најмногу убавина, а потоа и гласот. Ријана има едно од најчудните барања. Покрај специјалната храна и алкохолот што ги бара, пејачката бара да ѝ се обезбеди тепих со леопард принт, за да може да оди боса по него.

Кристина Агилера секогаш бара полициска придружба, а она што е посебно во нејзините барања, е да ѝ се обезбеди витамин Ц во форма на ликовите од американската серија „Семејството Кременко“.

Бизарно или не?

Лејди Гага бара на ѕидовите задолжително да има стари постери од Дејвид Боуви, Квин, Елтон Џон и Били Холидеј. Освен тоа, на пејачката ѝ е исклучително важно да ја дочека бел кожен кревет.

Барањата на Тејлор Свифт се засноваат исклучиво на храна. Пејачката сака да ѝ се обезбедат три чинии со макарони со сирење, кутија сладолед и јогурт со чоколадо.

На Џастин Бибер мора да му се обезбеди стол за масажа и путер од кикирики. Луѓето кои работат за Бибер не смеат да му се обраќаат, додека неговата бивша девојка бара никој од тимот да не се вика Џастин. Изгледа дека старата љубов не се заборава.

Премногу или не?

Слични објави

(Фото) Јована Јеремиќ се пофали со скап подарок – Тигар дал 1.200 евра за прстен

Еспресо

Мистерија што сè уште интригира: Пејачката Јелена Марјановиќ беше убиена пред 10 години, убиецот сè уште непознат 

Еспресо

(Видео) Јаков Јозиновиќ ѝ одговори на Карлеуша: „Публиката го даде одговорот“

Еспресо

(Фото) Тиркизен костим во спа-центар – Елена Велевска ја нарекоа „голема бомба“

Еспресо

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо
Се вчитува....