07:35 - 7 ноември, 2026

Јоце Панов подготвува нова песна во изолација

Тој е еден од нашите естрадни ѕвезди кои скоро да немаше ден да нема настап пред појавата на пандемијата.

„Најпрво беа забранети јавни настани и последно ќе биде дозволено пак јавни собири, затоа најдолго ќе се одрази на луѓето кои живеат од јавни настани“, вели Јоце Панов.

Но, затоа пак изолацијата е одлична можност да помине повеќе време со семејството, да ужива во новата улога на татко со новиот член Лука, кој има четири месеци. Подготвува и нешто ново на музички план. Еве како ги поминува деновите на изолација.

Дали новонастанатата ситуација за тебе е можност повеќе време да поминеш со семејството?

– Јас сум човек кој цел живот функционира надвор, дома сум само за спиење, така што оваа ситуација ме убива. Но, ете барем повеќе време поминувам дома, читам, работам на нови песни, свирам на клавир и гитара и некако поминува времето.

Какво бебе е Лука?

– Лука е супер, цела ноќ спие, не плаче навечер, ама затоа преку ден ретко заспива, а јас спијам до 11 – 12 часот.

Менуваш ли памперс и ѝпомагаш ли на сопругата за бањање?

– Хаха, веќе скоро 4 месеци е Лука, пробав 2 -3 пати да сменам памперс и не сум лош. А знам и да го бањам.

Кој филм би го препорачал да го гледаат читателите во време на изолација?

-„Џокер“, има многу добра порака.

Книга за читање додека сме дома?

– Јас повеќе преферирам книги за успех и мотивација, од новите автори го читам Робин Шарма.

Го користиш ли времето за нешто ново на музички план?

– После дуетот (машап) со Александра Матрикс, кој помина одлично низ цела екс-ју, снимив неколку кавери, „Данка“ е веќе на Јутјуб, за неколку дена ќе објавам уште една. Работам и на моја нова песна „Никоме не причам о нама“, која ќе излезе после оваа ситуација со корона.

Со која динамика беа свирките и од кога не си имал настап?

– Имав премногу настапи, особено околу Нова Година и празниците, но оваа ситуација нè погоди сите, а најмногу нас уметниците и угостителите кои зависиме од јавни собири, настапи, концерти, журки… Мислам дека ние сме први на удар, дека најмногу и најдолго ќе се одрази негативно кај нас музичарите и угостителите, затоа што 90% од нас живееме само од настапи и немаме други приходи. Најпрво беа забранети јавни настани, и последно ќе биде дозволено пак јавни собири, затоа најдолго ќе се одрази на луѓето кои живеат од јавни настани. Но, тоа е што е, како за сите, така и за нас.

Александра Велинова

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

(Видео) Ацо Пејовиќ откри како го лекува мамурлакот, па призна со кого најмногу сака да пие: „Само Саша Матиќ може да ми парира“

Еспресо
Се вчитува....