23:17 - 12 април, 2026

На забава без Хари – Меган на гламурозна забава во друштво на ова момче!

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, треба да се појави на еден од најгламурозните настани оваа година – Мет Гала, на кој присуствува само кремот на Холивуд.

Според пишувањата на странските медиуми, Меган треба да се појави на црвениот тепих со уредникот на магазинот „Vogue“, Едвард Енинфул, а тоа ќе биде првото појавување на Маркл во јавноста откако избувна скандалот во кралското семејство и откако таа и принцот Хари се осамостоија и станаа финансиски независни.

Извор открива за „The Sun“ дека Меган се одлучила за „гламурозен андроген“ изглед, што ќе биде тема на овогодинашната Мет Гала.

– Мет Гала јасно дефинира кој е кој во шоубизнисот. Секако дека Меган е едно од имињата на врвот на списокот, а Едвард и неговиот тим се возбудени што ќе оди со нив. Меган сака повремено да излегува без Хари за повторно да се изгради како име во Холивуд – додаде изворот.

Слични објави

(Видео) Цеца Ражнатовиќ подготви богата велигденска трпеза – пејачката ја покажа семејната атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

Незаборавни филмови со библиски приказни за Велигден: Ако не сте ги гледале, не ги пропуштајте за празниците

Еспресо

„Не би му препорачала никому да се пријави на избор за убавина“: Мис Универзум изненади со изјавата

Т.Ц.

(Видео) Тагата не стивнува – Дарко Лазиќ испрати велигденска порака, па ги трогна сите со низа објави на социјалните мрежи

Еспресо

Кое е значењето на јајцето „чуваркуќа“ и што треба да се направи со тоа од минатата година?

Т.Ц.

(Фото) Едита се спрема за раѓањето на ќерката – пејачката покажа какви модерни работи купила за својата наследничка

Еспресо
Се вчитува....