15:20 - 7 ноември, 2026

На крунисувањето на Чарлс Трети ќе присуствува и Том Круз: Но поканет е и еден лик од бајките

Актерот Том Круз, пејачката на Пусикет Долс Никол Шерцингер и ликот од бајките Вини Пу ќе присуствуваат на крунисувањето на кралот Чарлс III од Велика Британија, пренесува „Варајети“.

Том Круз, Никол Шерцингер и Вини Пу се поканети на гала концертот што ќе се одржи во замокот Виндзор на 7 мај, ден по крунисувањето на Чарлс Трети.

Забележано е дека сите тројца веќе присуствувале на настаните на британското кралско семејство. Том Круз бил гостин на погребот на принцезата Дијана во 1997 година, Никол Шерцингер минатата година учествувала на платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора, а ликот од приказните – Вини Пу бил дел од забавата за 80-тиот роденден на покојната кралица во градината на Бакингемската палата во 2006 година.

Крунисувањето на Чарлс Трету и Камила ќе се одржи на 6 мај. Познато е дека принцот Хари ќе присуствува на церемонијата, но Меган Маркл со децата Арчи и Лилибет ќе останат во САД.

Слични објави

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.
Се вчитува....