05:17 - 28 ноември, 2026

Момче тврди дека го снимил убиец од Хамбург: Влегол во храмот на Јеховините сведоци преку прозорец

Во синоќешниот напад на црквата на Јеховините сведоци во Хамбург загинаа најмалку седум лица, а еден млад човек е убеден дека го снимил напаѓачот како влегува во зградата.

Грегор Мисбах, кој живее во близина на зградата каде што се случи масакрот, ги слушнал истрелите, по што снимил лице како влегува во зградата преку прозорец.

Потоа, како што вели, се слушнале истрели од внатрешноста на зградата.

Лицето што го видел подоцна излегло од салата, било забележано во дворот, а потоа испукало повеќе истрели внатре.

– Откако пристигна полицијата, пет минути подоцна се случи последниот истрел – рекол младиот човек.

Во овој момент не е јасно дали напаѓачот е во бегство, ниту дали неговото тело го пронашле внатре во објектот, како што предмалку се тврдеше. дека убиецот е мртов.

Од полицијата најавија дека денеска во текот на денот ќе одржат прес-конференција на која ќе изнесат повеќе детали.

Засега не е познат мотивот за нападот.

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....