22:45 - 30 јули, 2026

Младата бремена девојка на Ал Пачино му забранила да се гледа со поранешната: „Има нетрпение меѓу двете жени“

29-годишната бремена (во осми месец) девојка на Ал Пачино, Нур Алфалах му забранила да се гледа со поранешната Лусила Сола иако Лусила во последно време, по врската, му била најдобра пријателка. Нур му забранила на актерот и воопшто Лусила да не стапнува во нивниот дом.

Пачино неодамна откри дека на Нур ѝ направил ДНК тест за да се увери дека бебето е негово.

Откако со ДНК тестот било потврдено дека всушност тоа е негово дете кое таа го носи, неговиот живот е превртен наопаку. Според Радар онлајн, неговата девојка не сака Пачино да има било какво контакт со поранешната Лусила Сола, убавица со која ѕвездата беше во врска до неодамна.

Инсајдер близок до парот исто така зборуваше за Дејли Мејл „Во текот на последните неколку месеци, врската на Нур со Ал стана посериозна – и станува сè потешко за Лусила да се сретне со Ал, [Нур] продолжува да ја држи Лусила што подалеку од Ал“.

Пачино и Сола се најдобри пријатели дури и откако ја прекинаа врската, а тој продолжи да ја презема улогата на очув на ќерката на неговата поранешна девојка Камила Мороне.

Изворот тврди дека „тензиите меѓу Лусила и Нур се зголемија во последните месеци со отворено незадоволство што произлегува од двете страни“.

Лусила одеднаш се пресели на 1.500 километри подалеку од Пачино, а селидбата се совпадна со веста дека глумецот повторно ќе стане татко“, продолжи изворот велејќи дека Нур извршила притисок.

„Таа со години сака да има бебе, а Ал не може да биде посреќен. Нур не само што потекнува од исклучително богато семејство, туку и работела за да спечали сопственото богатство“.

 

 

 

 

Слични објави

Голема димензија на љубов: Сара Мејс со емотивна честитка за роденденот на синот Кирил

Еспресо

Тања Савиќ заминува во Турција на естетска операција: „Морам да соберам храброст“

Еспресо

(Фото) Сопругата на Стефан Лазаров во најубавото животно поглавје — трудничките фотографии од Охрид освојуваат на прв поглед

Еспресо

(Фото) Секоја прослава е посебна приказна со декорациите на „Магични моменти“

Еспресо

Јована Јеремиќ првпат влезе во собата на покојниот татко и се расплака: „Тоа никогаш нема да си го простам“

apostolova

(Фото) Длабоко деколте во црн атрактивен фустан: Слобода Миќаловиќ воодушеви со стајлингот

Еспресо
Се вчитува....