22:11 - 8 ноември, 2026

Милица Тодоровиќ ги откри мрачните тајни на шоу-бизнисот: На естрадата не се знае кој повеќе се дрогира

Пејачката Милица Тодоровиќ призна дека извесно време се борела со т.н синдром на исцрпеност, кога немала желба за ништо.

Иако тоа влијаело на нејзината психа, таа истакна дека е горда на себе бидејќи тогаш не се препуштала на некој порок, како што тоа го прават многу јавни личности.

– Фала му на Бога, сега е зад мене и не сакам ни да се сеќавам на тие денови бидејќи бев навистина лоша… Се ме изморуваше, луѓето, музиката… Но решив да побарам помош. Мислам дека е важно да се зборува за менталното здравје, затоа и јавно го кажав мојот проблем, бидејќи тоа е сè уште табу тема за луѓето. На сите може да ни се случи и навистина би ги советувала сите доколку не се чувствуваат добро да одат на психотерапевт, психијатар, било кој, само за да не се случи убиство, самоубиство или пороци. За жал, вакви примери имаме многу во емисијата… Многу мои колеги мака мачат со тоа, а веќе не знаете кој се дрогира! Жал ми е за тоа, не ги обвинувам, само сакам да ги поддржам и да им кажам: „Еве луѓе, јас успеав, можете и вие!“ – рече Милица.

Тодоровиќ вели дека околината понекогаш ја доживува како заканувачка бидејќи во детството немала поддршка од важни авторитети.

– Јас сум многу фер. Мразам неправда и грубост, тоа секогаш ме вади од такт и одма сум расположена да одам да се тепам, таква бев и на училиште. Во конфликти можам да возвратам, но потоа не се чувствувам добро… – искрена била пејачката.

Милица се врати на работа и напорно работи на нови песни, со кои наскоро ќе ја воодушеви својата публика.

– Следната година славам дури 20 години од мојата кариера, а по тој повод на публиката ќе ѝ подарам нов албум. При крај сум со снимањето, ми останаа уште две песни и мислам дека албумот ќе излезе кон средината на следната година – се пофали Милица.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....