-4.2 C
Скопје
07:21 - 19 февруари, 2026

MИЛА КУНИС И ЕШТОН КАЧЕР собраа над 20 милиони долари за бегалците од Украина: „Одиме понатаму!“

Започнаа пред неполна недела со хуманитарната акција, собраа повеќе од 20 милиони долари, но мисијата на Мила Кунис, родена во Украина, и нејзиниот сопруг Ештон Качер се уште не е завршена.

Актерката на „Црниот лебед“ и нејзиниот колега и сопруг со голема гордост објавија што до сега постигнале, а ќе одат и понатаму до уште повеќе средства за донации за семејствата од Украина:

„Собравме над 20 милиони долари за помалку од една недела!“, објаснува глумецот и додава дека тука не застануваат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ashton Kutcher (@aplusk)

„Нашата цел се 30 милиони долари и ќе стигнеме до таму“, рече Качер, заблагодарувајќи им се на 56.000 луѓе кои ја поддржале иницијативата што ја започнаа  двете ѕвезди.

„Без разлика дали ќе донирате 5, 10 или 1.000 долари, тоа многу ни значи“, вели тој и потенцира дека првата хуманитарна помош е веќе на терен за бегалците.

„Во моментов има над милион деца бегалци: сè што можеме да направиме е од голема помош за нив“, заклучува Качер.

Мила Кунис, неговата сопруга, е родена во Украина, се преселила во САД во 1991 година кога имала осум години.

Качер и Кунис ја отворија хуманитарната донација на GoFundMe минатиот четврток, споделувајќи за таа прилика видео снимено од глумицата, објавено на нејзиниот Инстаграм профил.

„Роденa сум во Черновци, Украина, во 1983 година. Дојдов во Америка во 1991 година. Отсекогаш се сметав себеси за Американка“, напиша Мила Кунис нагласувајќи дека е горда што е Украинка.

Слични објави

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо

Ленче и Горан Кукиќ имаат голема причина за славење и за частење

apostolova

„Би одел со Јелена кај Луна Ѓогани“ – Слоба Радановиќ изненади со признание за поранешната девојка

Е.А.

(Фото) Итно огласување на Андрија Милошевиќ: Актерот жртва на голема измама, ангажирал и адвокат

Еспресо

Каде е денес и со што се занимава Шваба од култниот филм „Рани“?

Е.А.
Се вчитува....