25.8 C
Скопје
21:21 - 10 септември, 2026

КАМЕРОН ДИЈАЗ: „Веќе не ми е гајле за изгледот, не го ни мијам лицето, а козметичките производи собираат прашина на полиците“

Убавата холивудска глумица Камерон Дијаз пред 8 година стави точка на снимањето филмови и сосема се оддалечи и дистанцира од кинематографијата. Оттогаш таа се посвети на својата етикета за производство на органско вино и на својата ќерка Редикс. „Не ми е многу грижа за мојот изглед“ – објасни таа во интервјуто на Мајкл Висаж.

Конечно е слободна! На прагот да наполни 50 години, Камерон Дијаз објаснува дека е препородена. Благодарение на сосема поинаквиот начин на живот, далеку од центарот на вниманието и фокусирана на улогите сопруга и мајка.

Ова го раскажува калифорниската актерка во подкастот на Би-Би-Си „Rule Breakers“, чиј водител е Мајкл Висаж.

Во интервјуто таа зборува дека секојдневието ѝ е целосно сменото и дека повеќе не траба да минува часови и часови на сетови. Сега, објаснува таа, повеќе не мора да размислува за својот физички изглед и тоа не ѝ пречи.

Еден од најинтересните делови во интервјуто се однесува на нејзината рутина за нега и убавина, која е сведена речиси на нула: „Не се грижам многу за мојот изглед и никогаш не го мијам лицето“ и тоа „и покрај тоа што имам милијарда производи за лична нега кои собираат прашина на полиците“.

Како што рече, во изминатите 8 години добила понуди да се врати на работа во вкупна вредност од 100 милиони долари. Но, таа секогаш одговарала со „не“, меѓу другото затоа што во текот на актерската кариера морала да ја поднесува тежината на очекувањата во однос на нејзиниот физички изглед: „Бев жртва на цела објективизација и експлоатација на кое се подложени жените во општетсвото. Во одредени моменти сето тоа го чувствував на своја кожа“. Дијаз додава дека во последниве 8 година се тоа „го избришала“ и дека конечно се чувствува слободна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cameron Diaz (@camerondiaz)

Средбата со Бенџи Маден, гитаристот на Good Charlotte, со кој се омажи во 2015 година, беше фундаментален чекор за преродбата на глумицата. Оттогаш, Камерон Дијаз сосема се посвети на нешто друго, нешто што ја прави среќна и ја исполнува. Во декември 2019 година таа стана мајка на Радикс, дете кое го доби преку сурогат мајчинство. А потоа со големо внимание се посвети на својата етикета за органско вино, што ѝ причинува големо задоволство. Кинематографијата, вели, навистина може да почека.

Слични објави

Наташа Беквалац има ново момче – пејачката „паднала“ на шармот на белградски бизнисмен

Еспресо

Ова не го очеуквав: Македонскиот диџеј Песимал искрено за настапот на Дејвид Гета

apostolova

Харис Џиновиќ повторно за разводот со Мелина — „Мислеше дека има нешто подобро, најверојатно ѝ здосадив“

E.A.

(Фото) „Опстана“: Српскиот пејач Милан Станковиќ со емотивна објава на важен ден

Еспресо

Драгана Мирковиќ разочарана од поранешниот сопруг: „Тони не сакаше да даде пари, рече дека тоа е моја одлука“

E.A.

Што значи големата тројка во астрологијата?

Еспресо
Се вчитува....