16.8 C
Скопје
03:49 - 9 септември, 2026

„Ми остана парче во главата!“: Српската пејачка проговори за несреќата која ѝ остави трајни последици

Српската пејачка Марија Микиќ доживеала сообраќајна несреќа од која сè уште трпи тешки последици.

Имено, пејачката раскажала за своето трауматско искуство, кога како мала ја удрила главата во дрво, па дури ѝ останало парче од дрвото на тоа место.

„Кога бев мала удрив со главата во дрво и парче ми остана во глава, па сега чукам во дрво, поточно на глава, еве го чувствувате“, изјави Микиќ во емисијата „Блиц дан“, во која таа гостуваше.

Но, Марија и со оваа последица функционира нормално, таа е мајка на девојче и момче кои ги има во брак со сопругот Јован.

Инаку, пејачката и нејзиниот сопруг неодамна се вселија во куќата која ја купиле за 500.000 евра, како што шпекулираат медиумите.

Пејачката призна дека со купувањето на оваа куќа ги оствариле своите соништа:

„Кога почнавме да гледаме каде да се преселиме, немавме планирана куќа, иако тоа беше наш сон. Свесни сме за пазарните цени, но ова не може да се пропушти. Дадовме се од себе за да го исполниме тој сон. Ова е нашиот дом од соништата и направивме се за да биде токму онака како што го замисливме“, низ насмевка откри Марија.

 

Слични објави

За само 5 секунди откријте дали и колку сте под стрес

Еспресо

Надежда Билјиќ го победи ракот, нејзиниот сопруг Тома ја потврди среќната вест

E.A.

Астрологијата ви помага да го изберете идеалниот партнер – Откријте во кој хороскопски знак е вашата сродна душа

Еспресо

Шок-пресврт — Џина Џиновиќ ја напушти Мелина и тропна на вратата кај Харис

E.A.

„Сите сме тотално луди“: Лепа Брена се огласи по виралното видео на кое ѝ го грабна микрофонот на Џејла

E.A.

Кнез направи одлична атмосфера на големата прослава по повод раѓањето на внуката

E.A.
Се вчитува....