18.8 C
Скопје
01:44 - 27 јули, 2024

Кога да поставите новогодишна елка за да привлечете љубов и богатство: Пет добри датуми

Веќе на крајот на ноември и почетокот на декември започнува „новогодишниот маратон“ – се купуваат подароци за најблиските, се украсуваат домовите и дворовите, се китат новогодишните елки.

Сепак, не секој знае кога да постави новогодишна елка за да биде успешна годината што доаѓа.

Специјалистите за езотеризам велат дека датумот на поставување на празничното дрво е многу важен, бидејќи ако изберете погрешен ден, тогаш сите наредни 365 ќе бидат многу тешки.

Еве кои пет датуми се клучни за поставување и китење новогодишна елка за да имате среќна, благодетна и богата година.

3 декември – во пресрет на Денот Воведение на Пресвета богородица во храм

Кoга на Прeсвeта Дeва Марија ѝ сe навршилe тритe гoдини oд раѓањeтo, нeјзинитe свeти рoдитeли Јoаким и Ана ја дoвeлe oд Назарeт вo Eрусалим за да ја прeдадат на Бoга на служба. Дeва била украсeна сo прeкрасни царски oблeки и украси какo штo ѝ прилeга на царска ќeрка, на нeвeста Бoжја. Ден пред Воведение на Пресвета Богородица во храм (4 декември), е прекрасен датум кога може да го украсите вашиот дом и да ја накитите елката. Луѓето кои имаат свој двор, според народните верувања, убаво е да ја стават/накитат новогодишна елка на овој ден за да се добие богата жетва во пролет и лето.

7 декември – во пресрет на денот Свети Климент Чудотворец

Ова е уште еден можен и свечен датум за да се постави и накити новогодишната елка. Така и на овој голем празник ќе додадете прекрасна свечена атмосфера, а ќе си обезбедите – според народните верувања – чуда за следната година.

18 декември – во пресрет на денот на Свети Никола Чудотворец
Ако на овој ден поставите и украсите елка во стар или нов стил, ќе можете да „привлечете“ благосостојба и финансиски полет во вашиот живот. Идеален избор е и за децата, бидејќи заедно со подароците од големиот празник Свети Никола, ќе почувствуваат и дополнителна празнична атмосфера.

22 декември – денот на зимската краткоденица
Доколку не сте се одлучиле на кој датум да накитите  елка, добар избор ќе биде тоа да го направите на 22 декември. Народните верувања укажуваат дека ако го украсите домот на овој ден, и ако тогаш ја поставите и украсите новогодишната елка, ќе си обезбедите заштита, благодет и среќа за домот за целата следна година.

24 декември – Ден пред Денот на Св. Спиридoн Чудoтвoрeц 
Петтиот поволен датум, кога ќе можете да поставите елка е ден пред прекрасниот православен празник Денот на Свети Спиридон Чудотворец. Народот верувал дека ако го направите новогодишниот ритуал на украсува ње на овој ден, можете долго да го заштитите вашето семејство од злите сили око и лошонамерници. Исто така, на овој ден, молитвите за здравје и помош во борбата против непријателите ќе бидат многу ефикасни.

 

Слични објави

(Фото) Се појавија експлицитни фотографии од Меланија Трамп: „Сакате да удирате ниско?“

еспресо

(Фото) Романтичен ручек на луксузна јахта: Братот на Новак Ѓоковиќ и сопругата уживаат на море

jasmina.kantardzieva

Цеца Ражнатовиќ жртва на измама: Моето име е злоупотребено, ќе биде добро ако не поднесам кривична пријава

Еспресо

„Веста нè шокираше!“ Соседите на Драгана Мирковиќ од родниот крај го разврзаа јазикот за разводот со Тони Бијелиќ

Еспресо

„Прво ќе те претепа, па ќе ти донесе букет“: Ведрана Рудан ги откри деталите за бруталното насилство во бракот

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во домот на Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ: Украсен со многу љубов и светлина

Еспресо
Се вчитува....