10:45 - 12 ноември, 2026

Меланија Трамп му контрира на Доналд! Ги повика Американците да носат маски за да се заштитат од коронавирусот (ВИДЕО)

Првата дама на САД, Меланија Трамп, се вклучи во борбата против коронавирусот. Сними видео во кое ги повикува луѓето да носат маски, а потоа објави и своја фотографија со маска.

„Додека Центарот за контрола и превенција на болести продолжува да го проучува ширењето на ковид-19, надлежните препорачуваат да носите заштитни маски на јавни места на кои е тешко да се одржуваат мерките за социјално дистанцирање, како што се продавниците за прехранбени производи и аптеките. Запомнете, тоа не го заменува социјалното дистанцирање. Тоа е само уште една мерка за да бидеме сигурни“, рече Меланија.

Пред неколку дена Трамп на Американците им советуваше да носат шалови и марами преку лицето додека одат на јавни места. Иако тој самиот има фобија од микроби, нагласи дека нема да носи маска.

„Не сакам да ја носам, тоа е само препорака“, рече.

Слични објави

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.

Дневен хороскоп за 12 ноември: Пред да прифатите нов договор, проверете дали условите се навистина онакви какви што очекувате

apostolova

Се разбудивте со главоболка? Еве што открива науката за причините и кога треба да побарате помош

К.С.

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.
Се вчитува....