8.8 C
Скопје
09:27 - 20 октомври, 2026

Мел Гибсон се разделува од 34 години помладата партнерка: „Ќе продолжиме да бидеме најдобри родители“

Мел Гибсон и Росалинд Рос официјално го потврдија крајот на нивната деветгодишна врска. Двојката ја сподели веста ексклузивно за списанието „Пипл“.

„Иако е тажно што го завршуваме ова поглавје од нашите животи, благословени сме со прекрасен син и ќе продолжиме да бидеме најдобри родители“, изјавија Гибсон и Рос.

Режисерот и актер (69) и сценаристката (35) ќе продолжат заеднички да се грижат за својот осумгодишен син Ларс.

Парот се запознал преку заеднички пријатели во 2014 година, а Ларс се родил во 2017 година, само неколку дена пред Гибсон да биде номиниран за Оскар за најдобар режисер за филмот „Hacksaw Ridge“.

„Што може да биде повозбудливо од тоа да ги слушаш номинациите додека го држиш во раце својот новороден син“, изјави тогаш Гибсон.

Освен Ларс, Гибсон има уште осум постари деца. Со поранешната сопруга Робин Мур има ќерка Хана и шест синови: Кристијан, Едвард, Вилијам, Луис, Мило и Томас. Исто така, има и 16-годишна ќерка Лусија со пијанистката Оксана Григориева, со која се раздели во 2010 година.

Во септември 2024 година, најмладите деца на Гибсон Лусија и Ларс се појавија со него на црвениот тепих на премиерата на филмот „Monster Summer“ во Лос Анџелес.

Во јануари 2025 година, Гибсон и Рос го загубија својот дом во Малибу за време на големите пожари во Лос Анџелес. Актерот во тој момент бил надвор од градот поради работа, но неговото семејство и домашните миленици биле безбедно евакуирани.

„Добрата вест е што сите во моето семејство и оние што ги сакам се добро. Сите сме безбедни, здрави и надвор од опасност. Тоа е единственото што навистина ми е важно“, изјави Гибсон на 9 јануари во емисијата „NewsNation’s Elizabeth Vargas Reports“.

Слични објави

(Фото) Синот на Лозано наполни две години — малиот Марко славеше со торта со мотори и Спајдермен

К.С.

Хороскоп за 20 октомври: Бикови, ве очекуваат куп обврски и одговорности

Еспресо

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.
Се вчитува....