25.8 C
Скопје
11:42 - 8 септември, 2026

Лепа Брена откри што прави семејството Живојиновиќ на првиот ден од Новата година: Јадеме месо, сарми, колачи и потоа си легнуваме

Лепа Брена организираше прес-конференција на која најави предновогодишен концерт во Сава Центар. Пејачката ги поздрави насобраните новинарски екипи, а потоа ги откри деталите за спектаклот што го подготвува, како и што прави веднаш кога ќе дојде дома по новогодишната ноќ.

– Сите што ќе бидат таму сигурно ќе си заминат со големо чувство дека влегуваме во 2025 година со фантастична енергија, на која се фокусирав. Едноставно како што мозокот замислува дека треба да го реализираме. Сите што ќе бидат ќе уживаат во спектакуларен пречек и очекувам оваа 2025 година да биде поздрава, посреќна и поуспешна за сите – рече Брена и откри како ќе го помине првиот ден од 2025 година со своите домашни.

– Ќе се видиме наутро во пижами. Сите сакаме да се вратиме дома после Нова година, да облечеме новогодишни пижами, да ги облечеме оние специјални капи, да ја избришеме шминката и да уживаме во храната што не смееме да ја јадеме цела година, а тоа се јаглехидратите, повеќе месо, мрсни сарми и многу колачи и така со толку полни стомаци да си легнеме – откри Лепа Брена.

– Кај нас подготовката на храна стана донекаде култен настан бидејќи сите во моето семејство сакаат да готват освен мене, јас сакам вино. Ми рекоа дека тоа не го правам баш најдобро, па според старата навика „попаметниот попушта“, па така престилката им ја дадов на оние кои знаат да го направат тоа – изјави пејачката.

Слични објави

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ носеше фустан вреден 2.400 евра на роденденската прослава

Еспресо

Сите благодети на морската сол – содржи повеќе од 80 состојки кои позитивно влијаат на здравјето, кожата и косата

Т.Ц.

Тага и солзи: Росана со лична приказна за Маријана

Еспресо

Дневен хороскоп за 8 септември: Не избрзувајте во донесување на одлуките

apostolova

Ана Бекута по 12 години го напушта жирито на „Ѕвездите на Гранд“: Еве кој би можел да ја замени

Еспресо

(Фото) Се омажи пејачката Ева Нединковска: Мајка ѝ сподели детали од свадбата

Еспресо
Се вчитува....