10.8 C
Скопје
22:52 - 3 април, 2026

Кралицата Елизабета во тотална изолација – Ниту семејството не смее да и се доближува!

Британскиот дворец јасно порача дека со здравјето на кралицата нема шегување…

Британското кралско семејство, како и поголемиот дел од светот, е во самоизолација поради пандемијата на коронавирусот. Меѓутоа, палатата одлучи да ги засили мерките за заштита кога станува збор за кралицата Елизабета.

Новите мерки подразбираат целосна изолација на кралицата Елизабета, па така ниту членовите на најтесното семејство нема да можат да ја видат или да стапат во личен контакт со неа.

По најавениот протокол, на кралицата смее да и пристапува само многу мал ограничен број на личности од нејзиниот дворец – нејзините асистенти, кои се вкупно осум. Меѓу нив се двете нејзини долгогодишни аѓутантки, кои со кралицата се 24 часа дневно, слугинката, личниот готвач и неколку помошници.

„Ризикот по нејзиното здравје мора да го сведеме на апсолутна нула, со оглед на нејзините години и на сериозноста на вирусот со кој сме соочени. Никој не смее да и пријде на кралицата, освен луѓето кои се тотално прегледани и имаат посебна дозвола за тоа. На тие луѓе им е забранет пристапот до било кое друго лице надвор од овој круг“, наведува изворот од кралството, пренесува Дејли Мејл.

Слични објави

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.

(Фото) Најстарата сестра на Богдана Ражнатовиќ го слави 35-тиот роденден, честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо

(Фото) Данијела Мартиновиќ откри зошто сè уште не се преселила во новиот дом со Јосип: „Се соочивме со реалноста“

Еспресо
Се вчитува....