02:51 - 7 ноември, 2026

Неговиот љубовник му беше кум, а дечкото го гледаше од прозорот на хотелот: Фамозниот брак на Елтон Џон со жена! (ФОТО)

Минатата година беше објавен филмот „Rocketman“ кој постигна огромен успех и во кој се прикажани неколку турбулентни години од животот на живата легенда од британската и светската музичка сцена, Елтон Џон.

Прочуениот музичар, човекот кој одбиваше да подлегне на правилата на општеството во 70-те и 80-те и ја крие вистинската верзија од себе, живееше така како што сакаше. Екстравагантни костими, шминка и „откачените“ наочари кои скоро ниту една жена, ниту пак маж од тоа време би ги носеле, кои му станаа заштитен знак, а за неговата сексуалност долго време се зборуваше.

Profimedia

Во јануари 1976 година во едно интервју се изјасни како бисексуалец, а неговите пријатели и семејството, па и јавноста знаеа дека е навистина хомосексуалец, поради што сите беа шокирани кога беше објавено дека Елтон Џон ќе се венча со жена.

Тогаш 30-годишниот музичар се заколна на вечна љубов спрема 6 години помладата германка Ренати Блауел во 1984 година, а церемонијата на нивната венчавка беше навистина романтична. Парот се венчаше во Австрија, а кум им беше Џон Рид – тогашниот менаџер и поранешен љубовник на Елтон Џон. Наводно, дечкото на Елтон, Кларк, ја гледал свадбата низ прозорецот од хотелот.

Никој не го криеше своето изненадување за оваа венчавка, а музичарот Род Стјуарт прати телеграма во која напишал, алудирајќи на песмата од Елтон „I’m Still Standing“.

„Можеби ти се уште стоиш, но сите ние сме на е**ниот под!“.

Profimedia

Како што беше откриено во филмот, Елтон ја запознал Блауел додека го снимал својот хит „Don’t Go Breaking My Heart“. Убавата Германка, која била стјуардеса, работела како на звукот и со својот шарм лесно го магепсала Британцот. Тие се зближиле на професионален и приватен план, а почетокот на 1984 година, Елтон ја запросил додека уживале во индијска храна, а се венчале 3 дена подоцна.

„Тоа беше… како да се одлучи да се прилагоди и има „нормален“ живот“, изјави во една прилика новинарката Лесли-Ен Џонс. „Но, тоа не се случи“.

Бракот помеѓу двајцата траел 4 години, за време на кои таа се борела со тоа колку внимание привлекува, а музичарот со бројни текстови за неговата сексуалност. Тие се развеле во 1988 година, а Елтон Џон истата година „излезе од плакарот“ и започна да зборува за себе како за хомосексуалец.

Кога години подоцно, беше овозможен истополов брак во Австралија, музичарот изјави:

Profimedia

„Пред многу години ја одбрав Австралија за својата венчавка со прекрасна жена која и понатака ја сакам и ѝ се восхитувам. Сакав повеќе од се да ѝ бидам добар сопруг, но го притиснував тоа што навистина сум, што кај мојата сопруга предизвикуваше тага, а кај мене вина и каење“.

Тоа не беше првиот пат музичарот да е во врска со жена – многу години претходно беше верен со девојка по име Линда, но таа љубов брзо заврши.

Денес музичарот е во еден од најстабилните и најсреќните бракови во светот на познатите. Од 1993 година е со Дејвид Фурниш, со кој во 2005 година стапи во граѓанска заедница, првиот ден кога тоа беше овозможено во Велика Британија, а кога во 2014 година беа дозволени истополовите бракови, нивната заедница беше официјализирана пред законот – стапија во брак. Парот има 2 сина, кои ги добија со помош на сурогат-мајка и ги нарекоа Закари Џексон Левон Фурниш-Џон и Елајџа Џозеф Даниел Фурниш-Џон.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....