4.8 C
Скопје
04:34 - 28 април, 2024

Ковид и мајмунските сипаници се само почеток? Експертите го вклучија алармот: Силен раст на болести преносливи од животни на човек, нови епидемии на повидок

Со ширењето на мајмунските сипаници низ светот по Ковид 19, постојат стравувања дека растечките епидемии на болести кои преминуваат од животните на луѓето може да предизвикаат нова пандемија.

Болестите кои се пренесуваат од животните на луѓето вклучуваат ХИВ, ебола, зика, САРС, МЕРС, птичји грип и бубонска чума.

Минатиот четврток, Светската здравствена организација изјави дека сè уште го истражува потеклото на Ковид, но „најсилните докази сè уште се однесуваат на зоонотичното пренесување (односно, од животни на луѓе, директно или индиректно).

Со повеќе од 1.000 случаи на мајмунски сипаници регистрирани на глобално ниво во изминатиот месец, ОН предупреди дека постои „реален“ ризик болеста да се прошири во десетици земји.

Директорот за итни случаи на СЗО, Мајкл Рајан, минатата недела рече дека „не е само мајмунска сипаница“: начинот на кој луѓето и животните комуницираат едни со други стана „нестабилен“. „Се зголемува бројот на случаи кога овие болести се вкрстуваат кај луѓето, а исто така се зголемува и нашата способност да ја шириме болеста во нашите заедници“, рече тој.

Мајмунските сипаници до не така одамна не беа пренесувани на луѓе: првиот случај на заразени луѓе беше идентификуван во Демократска Република Конго во 1970 година и оттогаш беа ограничени во областите на Централна и Западна Африка.

И покрај името, „последната епидемија на мајмунски сипаници нема никаква врска со мајмуните“, вели Оливие Рестиф, епидемиолог од Универзитетот во Кембриџ.

Иако првпат беше откриен кај макаките, „зоонозата најчесто доаѓа од глодари, а епидемиите се шират преку контакт од човек на човек“, рече тој за АФП.

Најлошото допрва доаѓа?

Според Програмата за животна средина на Обединетите нации, приближно 60% од сите познати човечки инфекции/вируси се зоонозни, како и 75% од сите заразни болести кои се појавуваат.

Рестиф рече дека бројот на зоонозни патогени и епидемии се зголемил во последните децении поради „растот на населението, растот на добитокот и инвазијата на дивиот свет“.

„Дивите животни драстично го променија своето однесување како одговор на човековите активности со мигрирање од нивните исцрпени живеалишта“, рече тој и додаде дека и „животните со ослабен имунолошки систем кои се околу луѓето како и домашните миленици можат да пренесат вируси“.

Бенџамин Рош, специјалист за зооноза во Францускиот истражувачки институт за развој, рече дека уништувањето на шумите имало голем ефект во проширување на вирусите:

„Уништувањето на шумите го намалува биодиверзитетот: губиме животни кои природно ги регулираат вирусите, што им овозможува полесно да се шират“.

А најлошото може допрва да дојде. Една голема студија објавена оваа година предупредува дека климатските промени го зголемуваат ризикот од друга пандемија.

Според студијата: „Кога животните ќе ги напуштат своите природни живеалишта поради затоплувањето,  за прв пат ќе наидат на други видови, потенцијално инфицирајќи ги со некои од 10.000 зоонозни вируси за кои се верува дека „тивко циркулираат меѓу дивите цицачи, главно во топските шуми“.

Грег Албери, еколог за болести на Универзитетот Џорџтаун, кој е коавтор на студијата, изјави за АФП дека „мрежата домаќин-патоген ќе се промени суштински“.

„Треба повеќе да ги следиме и урбаните и дивите животни за да можеме да идентификуваме кога патогенот се преселил од еден вид во друг – и дали домаќинот што прима е урбан и во близина на луѓето“, рече Албери и додаде дека „треба да бидеме особено загрижени“.

Ерик Февр, специјалист за заразни болести на Британскиот универзитет во Ливерпул и на Меѓународниот институт за истражување на добиток во Кенија, рече дека „може да се појават цела низа потенцијално опасни нови болести – треба да бидеме подготвени“.

Во четвртокот, научна советодавна група на СЗО објави прелиминарен извештај во кој се наведува што треба да се направи кога ќе се појави нов зоонозен патоген.

„Ковид вирусот потекнува од Кина, но Русија го направи и го прошири“, нови сознанија за патот и потеклото на коронавирусот

Слични објави

(Фото) Никола Роквиќ собори личен рекорд! Пејачот откри колку километри поминал денеска на пат за Грција, бројката е фасцинантна

Еспресо

(Видео) Ана Николиќ пак ја шокираше јавноста, ги рашири нозете: „Сосема пукна женава“

еспресо

Таткото положи цвеќе, вдовицата ја нема! Миша Гроф ја одбележа годишнината од смртта на синот, Николина Пишек не била информирана

Еспресо

(Фото) Саша Ковачевиќ на романтично патување со девојката: Силно ја гушка, а таа никогаш посреќна

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев: Тироидектомија – отстранување на тироидната жлезда

еспресо

Еве што велат сараевчани за Харис Џиновиќ по разводот од Мелина: „Лош човек, го кренал носот…“

еспресо
Се вчитува....