18:07 - 10 ноември, 2026

КОНСТРАКТА ИСПРАТИ ПОРАКА ЗА ПОДДРШКА НА УКРАИНА: Секој нека ја толкува како што сака!

Српската музичарка Ана Ѓуриќ, попозната како Констракта, која победи во финалето за избор на песна која ќе ја претставува Србија на Евровизија во Торино испрати скриена порака за поддршка на Украина, но дали некој ја виде?

Иако настапот на Констракта предизвика бројни различни реакции, една од нив се изводјува.

Многумина не забележале дека во текот на настапот на авангардната пејачка на Беовизија, во еден момент на видео бимот зад неа, се појавил визуал кој потсетува на украинското знаме во сина и жолта боја.

фото принтскрин

Бидејќи со самиот настап музичарката предизвика бројни реакции и коментари на социјалните мрежи, а особено е популарна на ТикТок, сега пак, некои се прашуваат дали Констракта со ова сакала да изрази поддршка на Украина, земјата која веќе 12 дена е во конфликт со Русија.

Констракта пак изјавила дека што се однесува до украинското знаме и пораката, секој може нејзиниот гест да го протолкува како што сака, пренесува република.рс.

Слични објави

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.
Се вчитува....