21:59 - 29 ноември, 2026

Конор Мекгрегор се враќа, но прво се пресмета со Лијам Нисон: „Не можам да го поднесам!“

Официјално е! Контроверзниот ирски борец Конор Мекгрегор се враќа во УФЦ и влегува во рингот против ѕвездата Мајкл Чендлер, ова го потврди првиот човек на УФЦ, Вајт.

Но пред големото враќање мораше да даде еден важен одговор! Имено, соочен со критиките од уште едно огромно ирско име, Конор Мек Грегор јавно реагираше на острите зборови на актерот Лијам Нисон.

Ова се случува откако Нисон го обвини борецот за оштетување на угледот на Ирска.

„Ирска гордост – засекогаш“, одговори Мекгрегор преку социјалните мрежи.

Но какви беа критиките на славниот глумец Лиам Нисон кон Конор Мек Грегор? Еве дел од нив.

„УФЦ, не можам да го поднесам, тоа за мене е како тепачка во кафеана“, изјави Нисон за Men’s Health.

„Знам дека борците би кажале „не, грешиш, со месеци тренираме…“

„Но зошто едноставно не зграпчиш пивско шише и не го удриш другиот по глава?“

„Тоа е следната фаза на УФЦ, го мразам“.

„Тој малиот лепрекон (минијатурно натприродно суштество во ирскиот фолклор) Конор Мекгрегор, ѝ носи лош имиџ на Ирска“.

„Знам дека е фит, и му се восхитувам поради тоа, но не можам да го поднесам“ – рече Нисон.

Всушност, Нисон често знае да критикува во неговите интервјуа, создавајќи си неволји и непријатели. Неодамна по едно интервју јавноста го обвини дека е расист.

 

Слични објави

Саша Ковачевиќ за првите денови од татковтвото: „Нема место за паника, тоа се природни работи, а сега самите се грижиме за бебето“

Е.А.

Сергеј Ќетковиќ ги загуби двајцата родители за само неколку дена: Татко му беше познат спортист, го почитуваше цела поранешна Југославија

apostolova

(Фото) Дарко Лазиќ ја украси елката од подот до таванот во луксузната вила: Сопругата откри каква желба имал пејачот, сè е преполно со луксуз

Еспресо

Азис бара професионален тим за нега на својот луксузен автомобил: „Потребно е лично да дојдат и да му посветат посебно внимание“

Е.А.

Неделен хороскоп од 30 ноември до 6 декември: Пристигуваат големи промени и долгоочекувани можности

Т.Ц.

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.
Се вчитува....