22.8 C
Скопје
14:39 - 28 септември, 2026

Кои се фаворитите на ГРЕМИ 2022: Големиот музички настан му оддава почит на Тејлор Хокинс, ОВИЕ ѕвезди нема да присуствуваат!

Џастин Бибер и Лејди Гага се меѓу најголемите ѕвезди на Греми наградите 2022 година. 

Одбројувањето до 64-тото издание на еден од најочекуваните светски музички настани -Греми 2022 завршува вечерва (3.април) – кога настанот ќе се случиво живо на престижната сцена MGM Grand Garden Arena во Лас Вегас, и ќе ги поздрави настапите на уметниците со светска слава, како Џастин Бибер и Лејди Гага, кои се на листата на изведувачи.

Годишниот настан посветен на меѓународната музика ќе ги награди – како и секоја година – најдобрите видеа, композиции и изведувачи на годината, во однос на релевантниот период од 1 септември 2020 до 30 септември 2021 година.

Кои се учесниците кои ќе можат да се стремат кон музичката награда? Меѓу учесници-кандидати заза наградите за 2022 година, се и Били Ајлиш, Оливија Родриго, Bts, Lil Nas X со Џек Харлоу, Бранди Карлајл, Кантри брадрс Озборн.

Џастин Бибер, раперот Доја Кат и Габриела Вилсон, позната под уметничкото име Х.Е.Р имаат по осум номинации, а Били Ајлиш седум.

Греми наградите оваа година му оддаваат почит на Тејлор Хокинс, тапанарот на Фу Фајтерс кој трагично почина на 50-годишна возраст. Во исто време, бендот на Дејв Грол ја објави својата намера да не присуствува на церемонијата по трагичниот настан, па така иако требаше да настапат, нема да ги видиме на сцената.

Нема да присуствува ни Миранда Ламберт, која е номиниран во две категории. „Drunk (And I Don’t Wanna Go Home)“ со Ел Кинг е кандидат за најдобар кантри дуо / групна изведба додека „The Marfa Tapes“, нејзиниот албум со Џон Рандал и Џек Инграм, е номиниран за најдобар кантри албум на Греми .

 

Слични објави

(Фото) Подгответе се навреме за поладните денови – во бутикот „Капитол“ во ГТЦ ве очекува новата машка есенска колекција

Еспресо

(Фото) Јордан Митев го крсти синот Кристијан на неговиот прв роденден: „Господ секогаш нека биде со тебе“

Еспресо

(Фото) Кој е 25 години помладиот Александар кој сè почесто е со Јелена Карлеуша? Таа тврди дека се само пријатели

Еспресо

Неделен хороскоп од 28 септември до 4 октомври: Секој ден пронајдете пет минути мир само за себе и опуштете се

Т.Ц.

(Фото) Нина Бадриќ во елегантно и заводливо издание – прошета по улиците на Париз во тесен црн фустан

Еспресо

Почина синот на пејачот Маријан Стојаноски: „Бог ми го даде и ми го зеде мојот син Петар“

Еспресо
Се вчитува....