1.8 C
Скопје
08:00 - 10 март, 2026

Кои хороскопски знаци ќе имаат најмногу пари во јуни и како ќе им пристигнат: На Близнаците од работа, на Рибите од „небо“, на Раковите од заборавени долгови…

Добри вести за сите: мај, со сиот негов емотивен багаж, си замина. Јуни се отвора со сезоната на Близнаци, хороскопски знак чиј главен талент е да ја слави љубопитноста и промените, што е токму она што ни треба на сите во моментов.

На 3 јуни заврши вториот ретрограден Меркур од 2022 година, по три недели длабока интроспекција. Првите неколку денови од месецот се идеални за враќање на идеите кои ви дојдоа во ретроградниот период. Значи, активрајте ги новите идеи за промени по 11 јуни, кога Меркур почнува да се движи со својата нормална брзина.

4-ти јуни е уште еден голем ден, бидејќи од вчера Сатурн почна да се движи ретроградно. Иако оваа недела може да донесе прилично голема количина на пречки со авторитетни фигури, полека но сигурно, понатаму во месецот, ќе се случи токму спротивното – всушност ќе имате можност да расчистите со авторитетите во вашиот живот!

Додека некои хороскопски знаци во првиот летен месец ќе имаат поголеми трошоци, особено Биковите, Јарците и Скорпиите, на други – парите едноставно ќе им се лепат!

Еве ги трите фаворитни знаци кога се парите во прашање за месец јуни.

БЛИЗНАЦИ

Одличен период во однос на парите за родените во знакот на Близнаци. Интересно е што конечно на работа ќе биде награден – неочекувано – вашиот труд. Ова е и одличен период за започнување нови деловни проекти кои се предодредени да успеат. Ѕвездите советуваат да испробате нови можности, без двоумење.

РАК

Финансискиот хороскоп за јуни уверува дека овој месец може да биде најсреќен за Раковите. Расположени сте веќе за одмор, па не вложувате доволно труд во работата, но сепак ќе остварувате натпросечен профит. Можеби ќе ви се вратат наднаш сите стари догови кои другите ги имаат кон вас? Како и да е парите едноставно ќе доаѓаат неочекувано од сите страни. И да, месецов сте особено среќлии на ова поле, па не е лошо и да уплатите ливче за лото или слична игра на среќа.

РИБИ

Финансиска среќа за Рибите – без да мрднат со прст. Рибите обично не трчаат по пари, па често им недостасуваат, но затоа пак, парите месецов ќе трчаат по нив. Сепак, ѕвездите советуваат сите добиени средства наместо да ги потрошите на егзотично патување во година во која штедењето е клучно, да ги реинвестирате – во себе. Како? Уплатите курс по нов јазик, стекнете се со занаетчиска диплома, или продолжете ги студиите со магистерски труд или докторат. Секое вложување во себе во текот на овој месец – и целото лето – двојно ќе ви се врати веќе од септември.

Слични објави

Бројките не лажат: Водењето љубов наутро ги зголемува шансите за поголема плата и за напредување на работа

Еспресо

(Фото) Снаата на Цеца во бунда од природно крзно од 5.000 евра: Богдана Ражнатовиќ во Русија, не ја тргна насмевката покрај Вељко

Еспресо

(Фото) „Ми рече дека нема да доживеам 50 години“: Милиќ Вукашиновиќ се спротивставува на судбината и го слави животот, по ампутацијата на ногата

Еспресо

Познатиот пијанист ги демантираше гласините: „Не сум момче на Азис“

E.A.

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Анѓелка за 8 Март доби необично изненадување: Сопругот ја однесе на печење на пазар

E.A.
Се вчитува....