3.8 C
Скопје
22:52 - 20 декември, 2024

Кога болката е сигнал за тревога: 11 можни причини зошто чувствувате болка во градите

Болката може да се појави во различни фази од животот на жената. Се проценува дека околу 70 отсто жени страдаат од ова нарушување, кое исто така може да влијае и врз емотивната состојба на жената. Болката може да се појави само во едната дојка, во двете или само во одреден дел од дојката.
Според извештајот на Фондацијата за рак на дојка, болката во градите подразбира каква било болка, чувствителност или непријатност во подрачјето на градите или околното ткиво, а може да се појави од повеќе причини. Болката во градите, во повеќето случаи, не е поврзана со ракот на дојка. Исто така, клиничката болка не е поврзана со поголемиот ризик од добивањето рак на дојка.

Преглед на можните причини за појава на болка во дојките.

1. Хормони

Лекарите појаснуваат дека ткивото на градите е многу чувствително на хормонални промени, па токму тие можат да бидат одговорни за појавата на болката. Ако забележите дека градите ви се чувствителни околу овулацијата, менструацијата или во бременоста, може да ги „обвините“ хормоните. Болката поврзана со овие промени обично се јавува на сите страни на градите, а одредени противвоспалителни лекови може да помогнат. Но, ако сте бремени, задолжително пред употребата на лековите, посоветувајте се со лекарот.

2. Имате циста
Цистите на градите може да се опишат како мали ќесички полни со течност, а предизвикани се од естрогенот. Тие може да бидат болни. Цистата на допир е цврста дефинирана маса со кружна форма, а за среќа, во повеќето случаи се работи за бенигни промени. Исто така, понекогаш исчезнуваат сами од себе по неколку месеци. Ако забележите промени на градите, секако прво обратете се кај лекар.

3. Имате големи гради
Дефинитивно постои поврзаност помеѓу големите гради и појавата на болка во градите, а пациентките што имаат поголеми гради често чувствуваат притисок кога ќе го отстранат градникот, велат лекарите. Претпоставка е дека станува збор за мускулите и фактот дека големите гради, поради тежината, повлекуваат кон стомакот, па затоа ова истегнување може да предизвика болка.

4. Пиете премногу кафе
Утрото го почнувате со кафе, чај пиете попладне, а за десерт често јадете чоколада? Кофеинот може да влијае врз промените во хормоните и на тој начин да придонесе за појава на болка во градите. Некои лекари дури и препорачуваат ако имате болни гради, да го намалите консумирањето на кофеин за да ги намалите симптомите.

5. Контрацептивни таблети
Спомнавме дека промените во хормоналната слика можат да предизвикаат болка во градите. Лекарите напоменуваат дека болката ќе се појави кај некои жени што користат хормонска терапија.
Ако болката ве попречува во извршувањето на дневните активности, секако посоветувајте се со вашиот лекар за можна промена во терапијата.

6. Примате хормонска терапија
Ако примате хормонска терапија за лекување на симптомите на менопаузата или за друга цел, тогаш и тоа може да биде причина за појава на болка во градите.

7. Сте се повредиле
Понекогаш болката во градите воопшто не е поврзана за градите, така што изворот на болката всушност може да биде и некое друго место во телото. На пример, на тренингот по јога можете да направите некое ново движење и да ги истегнете мускулите на градите па може да чувствувате како да ве болат градите. Всушност, болката во грбот, вратот или рамената може да се почувствува како болка во градите.

8. Градите ви се зголемиле
Новопечена мајка сте? Околу два до пет дена по породувањето во градите се создава повеќе течност, односно млеко, што ќе предизвика зголемување на градите и може да биде навистина непријатно чувство. Ако доите, направете го тоа што е можно подолго и почесто, бидејќи може да помогне во олеснувањето на болката. Носете соодветни градници и користете ладни облоги за да си помогнете.

9. Лоша положба на бебето при доењето
Правилното доење ќе ви реши многу проблеми, а ако бебето со устата ја зема само брадавицата, а не е потпрено на ареолата, тоа може да биде непријатно за вас, бидејќи може да предизвика болка на брадавицата, но и оштетување.

10. Имате маститис
Ако сте нова мајка, сигурно сте слушнале за овој процес кој го карактеризира воспаление на ткивото на дојката. Причините за маститис во првите недели од доењето обично не се бактериски ниту која било друга инфекција, туку застој на млекото, односно слаба проодност на екскреторните канали на одделените лобуси на млечната жлезда. Со оглед на тоа што млекото се насобира во овие делови, тоа предизвикува силна реакција на организмот, која се манифестира како болка, црвенило и висока температура. Разговарајте со вашиот лекар за ова.

11. Во ретки случаи може да станува збор за рак
Болката во градите обично се поврзува со карцином кога тој е многу голем, потенцираат лекарите. Иако е ретко, ако почувствувате болка и промени во градите што не можете никако да ги објасните, секако посоветувајте се со лекар.

 

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....