14.8 C
Скопје
09:42 - 3 мај, 2024

Клиниката „Жан Митрев“ е медицински партнер на ЖРК „Ѓорче Петров“

За контролните прегледи на ракометарките ќе се грижи тим од доктори специјалисти, предводен од д-р Виолета Николов, специјалист гинеколог.

промо

Клиниката „Жан Митрев“ е медицинскиот партнер на македонскиот шампион Женскиот ракометен клуб „Ѓорче Петров“. Со оваа соработка, најдобрата приватна клиника ќе се грижи за здравјето и за подобрување на перформансите на ракометарките. За физичката и кондиционата подготвеност на ракометарките, на располагање им се најсовремените техники, апаратура и долгогодишното искуство на тимот од Клиниката „Жан Митрев“.

промо

За контролните прегледи на ракометарките ќе се грижи тим од доктори специјалисти, предводен од д-р Виолета Николов, специјалист гинеколог.

„Екипата целосно ќе биде под здравствената заштита од наша страна. Во нашата грижа за ракометарките ќе бидат применети светските искуства во спортската медицина од здравствен аспект, со цел постигнување максимални резултати. Имаме нови методи што сакаме и ќе ги искористиме за мониторинг на нивната здравствена состојба и за подобрување на психофизичката подготвеност. За нив ќе работи интердисциплинарен тим составен од физиотерапевт, специјалист ортопед, кардиолог, како и најновото во спортската медицина, гинеколог. Се надевам дека ќе бидат задоволни и резултатите ќе бидат видливи. Пред овие девојки претстојат многу предизвици и успеси, а ние ќе помогнеме во нивното постигнување“, вели д-р Виолета Николов од Клиника „Жан Митрев“.

„Од соработката со Клиниката „Жан Митрев“ ќе имаме големи придобивки, затоа што без соработка со врвни медицински установи нема резултат и тие ќе бидат од голема помош за подобрување на перформансите на играчите. Се надевам дека првите резултати ќе ги видиме набрзо“, вели Ангела Цветановска член на УО на клубот.

„Тоа ни е потребно. Во професионалниот спорт и во женскиот ракомет многу се вложува во ова. Ова е еден нов предизвик. Јас како тренер ќе ги знам сите атрибути на играчите. Мислењето на лекарите и на медицинскиот тим секаде се исклучително важни. Комуникацијата меѓу нас и Клиниката „Жан Митрев“ ќе биде на високо ниво. Ни треба брзо враќање на играчите кога имаме тешки натпревари – вели тренерот на ЖРК „Ѓорче Петров“, Симе Симовски.

Соработката помеѓу Клиниката „Жан Митрев“ и ЖРК Ѓорче Петров е веќе активна, за што ракометарките веќе почнаа со контролите против белгиски „Еупен“, во рамките од 3. коло во Европскиот куп ЕХФ.

Комерцијален текст. 

Слични објави

Велики петок: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Промени на добро: Три хороскопски знаци се среќлии на месец мај

еспресо

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо

Џина Џиновиќ повеќе не може да молчи: Јавно се закани, хаос во вилата во Сењак

Еспресо

(Фото) Врелите фотки на Ена Попов го запалија интернетот: Пејачката го покажа телото во секси бикини

Еспресо

Наташа Беквалац ослабела 10 килограми: Пејачката откри кои намирници се дел од нејзиното мени

Еспресо
Се вчитува....