16:53 - 3 април, 2026

КЕВИН СПЕЈСИ САКА ДА ГО ГЛУМИ ТУЏМАН, КОМЕНТАРИТЕ СЕ БРУТАЛНИ: Тито го глумеше Ричард Бартон, а Фрањо – овој лицемерен предатор!

Последните денови кружи приказната дека глумецот Кевин Спејси пристигнал во Хрватска на покана на хрватскиот режисер Јаков Седлар кој планира да сними филм за првиот хрватски претседател Фрањо Туѓман, а Спејси треба да го глуми Туѓман.

Вистина или не, Хрватите се активни на социјалните мрежи и коментираат дека изборот не е соодветен, главно поради бројните обвинувања за сексуално вознемирување и злоупотреба, поради што актерот беше повлечен и од главната улога во серијата „Куќа од карти“.

„Одвратно на што размислува режисерот? Спејси ќе остане засекогаш предатор и заради тоа што постојат жртви речиси за секој сет на кој стапнал, се плашам за младите момци кои ќе работат со него ако се продолжи со продукција“ – пишува еден корисник на Твитер.

„Да се засрами оној кој мисли да му даде работа на овој човек“ – пишува во друг коментар.

„Кутриот Кевин Спејси на што спадна“, „Тито го глумеше Ричард Бартон, а Фрањо овој лицемерен претадор“ – се дел од бројните коментари.

Останува да видиме дали навистина после ваквата лавина реакции филмот ќе се сними со Кевин Спејси, или режисерот ќе го смени планот. 

Слични објави

(Фото) На 62 изгледа неверојатно – Ел Макферсон сè уште воодушевува во долна облека!

Еспресо

Индира Радиќ вложила 300.000 евра во Грција: Купила 5 апартмани и заработува сериозни пари

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо
Се вчитува....