17.4 C
Скопје
04:26 - 10 јули, 2026

Ќе гледаме Оскари во недела: Занимливости што треба да ги знаете ако сте љубител на овој спектакл

95-то доделување на Оскарите ќе се одржи на 12 март во театарот Долби во Лос Анџелес, а водител по неколку години повторно ќе биде комичарот Џими Кимел.

Македонската Радио Телевизија ексклузивно ќе го емитува преносот на Оскарите во недела, 12-ти март.

Академијата за филмски уметности и науки ќе ги награди најдобрите остварувања во 2022 година. Научно фантастичната авантура  „Се во исто време“ има 11 номинации, по девет номинации добија антивоената драма „На запад ништо ново“ и црната трагикомедија „Духови на островот“, додека полуавтобиграфската драма „Фабелманови“ освои седум номинации.

И додека сите со нетрпение ја очекуваат Ноќта на Оскарите, ние ви откриваме како се создала познатата статуетка, колку чини нејзината изработка и кој бил вујкото Оскар, по кој легендарниот ќелавко го добил името.

Познатата статуа е создадена во 1929 година, и тоа по наредба на тогашниот шеф на студиото МГМ Луис Мејер. Иако на телевизија изгледа доста различно – висока е само 34 сантиметри и тешка е  3,85 килограми.

Наградата е поделена во повеќе категории, но Американската филмска академија секогаш во резерва има „повеќе Оскари, во случај да има повеќе добитници, особено кога станува збор за продуцентите кои добиваат Оскар за најдобар филм и обично ги има неколку.

На секоја статуетка е изгравиран сериски број како и плочка со името на сопственикот и Оскарите не можат да се продаваат, подаруваат или пренесуваат на некој ако претходно прво не се понудени на Академијата.

Оскарот кој во 1945 година го добила Џоан Крафорд бил продаден е на аукција за 68.500,00 долари, а во 2011 година, статуетката на Орсон Велс се продала за 861.000,00 долари.

На самиот почеток, малите фигури се правени од позлатена бронза, но таа постапка е отфрлена неколку години подоцна во полза на таканаречениот „британски метал, кој се обложува со бронза, потоа се обложува со сребро и со 24 каратно злато.

Поради недостигот на метали во Втората светска војна, три години биле доделувани Оскари од гипс на кои на крај им било нанесено златна боја, а по завршувањето на војната на добитниците им биле заменети со позлатени статуетки.

Во 1982 година статуеткатапочнува да ја произведува компанија од Чикаго „Р.С. Овенс  и нејзината цена била 18.000,00 долари, по парче.

Веројатно не сте знаеле кој бил кум на Оскарот , легендата вели дека тоа била библиотекарката во Академијата ( а покасно и извршен директор) Маргарет Херик, која забележала дека статуетките наликуваат на нејзиниот вујко Оскар.

Академијата официјално не го усвоила тој прекар до 1939 година, но наградите така се нарекувале уште од 1934 година, кога холивудскиот новинар Сидни Сколски го употребил за победата на Кетрин Хемберн во категоријата за најдобра женска улога.

Слични објави

Зад вечниот хит на Бони Тајлер се крие приказна за моментот кога поради емоционална болка исчезнува светлината од срцето

Т.Ц.

Почина авторката на песната „Луда по тебе“: Го преработи најголемиот хит на Брена од филмот „Јужен ветар“

Еспресо

(Фото) Каролина Гочева сподели моменти од патувањето во Полска

Еспресо

Нов хит на Јанг Дади – По „Лидија“ сега пее за сите мајкини синови

Еспресо

(Фото) Ќерката на легендарниот Шабан Шаулиќ блесна на јахта среде Јадранот, ужива во луксузниот одмор

Еспресо

„Промената започнува во моментот кога ќе одлучиш да не се откажеш од себе“: Инспиративната приказна на Марина Петровска, велнес-консултант и ментор

Еспресо
Се вчитува....