Како ќе изгледа светот по пандемијата на коронавирусот?

Годината е 2022 година и коронавирусот е конечно поразен; по една и пол година мизерија и менување на карантин и нови бранови, животот конечно почнува да се враќа во нормала.

Вака „Њујорк тајмс“ го започнува текстот во кој се обидува да открие како би можел да изгледа животот во 2022 година, откако светот ќе излезе на крај со пандемијата.

Враќањето во нормала, сепак, нема да значи враќање на старото. Ќе биде тоа нов свет, со нови економски правила и рецесија што ќе го промени редоследот на нештата за цели идни генерации.

Компаниите пропаѓаат, универзитетите се затвораат, исчезнуваат киносалите, крузерите…

Илјадници фирми, продавници и компании што беа ранливи пред да пристигне вирусот, до 2022 година ќе исчезнат. Десетици универзитети се затворени, а луѓето поинаку се дружат.

Иднината е, секако, сосема неизвесна и не постои начин да се предвиди со точна прецизност, но сегашната пандемија сè повеќе делува како настан што ќе дефинира цела ера.

Сега малкумина можат да замислат некое добро сценарио, што би можело да се оствари во најдобар случај, бидејќи вирусот продолжува да го зафаќа светот во бранови и толку многу земји ширум светот бројат нови жртви секој ден, десетици, стотици, илјадници.

Она што сигурно ќе влијае на сериозноста и далекусежните последици од пандемијата е насоката во која се движи самиот вирус. Ако науката брзо донесе решение и ако го победиме вирусот до крајот на годинава, промените во секојдневниот живот веројатно нема да бидат трајни.

Меѓутоа, ако во наредните години не се најде вакцината, последиците од пандемија на долг рок може да бидат многу длабоки и далекусежни.

Сите индустрии засновани на меѓучовечки контакт се сериозно загрозени.

Ќе исчезнат крузерите, тематските паркови, кината, а на долг рок, веројатно ќе биде заборавен и концептот на традиционалните продавници. Илјадници ресторани ќе бидат избришани.

Дали засекогаш ќе работиме од дома?

Сценариото што го претставува новинарот на „Њујорк тајмс“ се заснова на претпоставката дека вакцината ќе пристигне во одреден момент во 2021 година. Сепак, тој споменува еден важен факт: многу работи нема да се променат.

На тоа нè учи историјата – финансиската криза во 2008 година не го скуши Вол Стрит, првиот црн претседател на Америка не ја одведе оваа земја во ерата на расното помирување…

Меѓутоа, ако пандемијата продолжи и следната година, може да ги надмине сите настани од претходните неколку децении во колективната свест и да заземе позиција каква што има, на пример, Втора светска војна – како настан што ќе го окупира вниманието на целиот свет уште долго откако ќе заврши и што го менува ритамот на секојдневниот живот.

Економистите со кои разговарал „Њујорк тајмс“ сметаат дека ќе страдаат компаниите со лоши бизнис модели, иако им одело добро пред пандемијата.

Жртви ќе бидат и локалните медиуми, кои веќе се борат за опстанок, како и традиционалниот концепт на купување во продавниците, а вирусот ги влошува и сите постоечки проблеми во образовните системи и функционирањето на универзитетите.

Навиките ќе се менуваат и за учениците, и за студентите, и за вработените. Можеби состаноците трајно ќе се одржуваат преку апликациите како што се Фејс тајм, Зум, Гугл мит

Некои големи компании во Америка веќе им соопштиле на вработените дека веројатно засекогаш ќе работат од дома и деловните простори, ако тоа се случи, ќе ја изгубат својата примарна функција.

На крај, најголемата неизвесност нè чека на политички план. А начинот на кој ќе функционира политиката ќе има моќ да ги обликува сите други аспекти на нашите животи.

 

 

 

Слични објави

Овие луѓе снимиле несекојдневни случки на сигурносните камери (ВИДЕО)

Еспресо

На граница на лудилото: Чудниот живот на „последниот волшебник“ Исак Њутн

Еспресо

Откриена причината за самоубиството на Стив Бинг: Чувствувал вина поради смртта на неговата девојка

Еспресо

Татјана Алексиќ: Читаме за да постоиме!

Александра Велинова

Целиот свет е во шок: Загина Коби Брајант – еден од најдобрите кошаркари на планетата!

Васко Спасоски

Жељко Јоксимовиќ направи уличен концерт – Одлична атмосфера во Белград за неговиот роденден! (ВИДЕО)

Еспресо

Остави Коментар

деветнаесет − 18 =

Слични објави

Писателката на „Хари Потер“ открива техники за полесно дишење со кои тврди дека ја победила короната (ВИДЕО)

Еспресо

Да се разбудиш сам себе е најстрашно – Погледнете како овој шегаџија ја исплаши својата сопруга (ВИДЕО)

Еспресо

Ова е човекот кој ја однесе Емина Јаховиќ до самиот врв на естрадата: Тоа ми се исплатеше и духовно и материјално! (ВИДЕО)

Еспресо

Апликацијата ТикTок стана популарна колку Инстаграм!

Еспресо

Еден свет – заедно дома: Светските музички ѕвезди пееја од своите домови за поддршка на здравствените работници (ВИДЕО)

Еспресо

Психолозите тврдат: Ова се најчестите причини поради кои луѓето пијат!

Михаило Донев