13.8 C
Скопје
04:25 - 2 мај, 2024

Како да го вратите крвниот притисок во нормала?

Покрај редовната терапија со лекови, голема улога игра здравата и урамнотежена исхрана. Високиот крвен притисок може да се намали и со коригирање на исхраната, па доколку го имате овој здравствен проблем, диеталниот пристап кон регулирање на хипертензијата, односно ДАСХ, диетата е вистинскиот избор.

Ова мени вклучува консумирање намирници кои имаат ниска содржина на натриум, а кои се богати со калиум, магнезиум и калциум. Овие минерали помагаат во намалување на високиот крвен притисок и го одржуваат во нормални граници. Житарки, мешунки, разни видови овошје и зеленчук, како и умерени количини на риба и месо, пред сѐ, пилешко и говедско месо, ќе го подобрат вашето здравје, истовремено намалувајќи го вишокот килограми.

Покрај тоа што ова мени е добро за луѓето со хипертензија, спречува и формирање камења во бубрезите и други болести, кои можат да влијаат на овој орган. Луѓето со дијабетес исто така можат да ја применуваат оваа диета, а докажано е дека го намалува нивото на холестерол во крвта и ризикот од срцеви заболувања и тумор.
Слатките и газираните сокови се забранети, како и полномасното млеко и сирење. Оваа диета се применува седум дена.

ПОНЕДЕЛНИК

Појадок: овесна каша со јогурт и боровинки (или некое друго зрнесто овошје)
Ужина: фрапе со малини
Ручек: печена мисирка (без кожа), пржен праз, домати, моркови, зелена салата
Ужина: свежо немасно сирење со парче интегрален леб
Вечера: ризото од зеленчук (интегрален ориз, кромид, домат, целер, морков, црвена пиперка, тиквички, рендан ѓумбир)

ВТОРНИК

Појадок: краставици прелиени со јогурт, парче интегрален леб
Ужина: овошје
Ручек: супа од домати, салата со морски плодови и компири, млад кромид и пиперка
Ужина: кашест сок од киви, ананас и лимета
Вечера: парче пита со спанаќ и немасно сирење, домат, јогурт со малку маснотии

СРЕДА

Појадок: омлет со сирење (1 јајце, 30 гр полутврдо сирење, лажичка маслиново масло), парче леб од хељда, кисело млеко со малку маснотии
Ужина: јаболко, 8 бадеми
Ручек: супа од тиквички, печено телешко месо со зеленчук (модар патлиџан, пиперка, морков, кромид), салата од домати
Ужина: овошје
Вечера: леќа, зелена салата, кефир

ЧЕТВРТОК

Појадок: тврдо варено јајце, јогурт, парче интегрален леб, банана
Ужина: две праски
Ручек: вариво со мешунки (наут, леќа, јачмен, кромид, морков, компир, целер, магдонос, зачини); салата од свежа зелка
Ужина: круша
Вечера: сирење со малку маснотии, црвена пиперка, прелиени со исцеден сок од лимон и лажица маслиново масло, парче интегрален леб, кефир

ПЕТОК

Појадок: јогурт со малку маснотии, сечкано овошје (јагоди), лажичка мелено семе од лен и чиа семки
Ужина: грозје (или некое сезонско овошје)
Ручек: пилешко на скара, варен зелен зеленчук посипен со пропржени бадеми
Ужина: круша
Вечера: печена риба (лосос, пастрмка, скуша, ослиќ), парче црн леб, зелена салата, чај

САБОТА

Појадок: парче леб од хељда, лажица диетален мајонез или топено сирење или диетален џем, јогурт со две урми
Ужина: свежо исцеден сок од портокал
Ручек: бистра супа, сардини, варена брокула со компири, салата по желба
Ужина: јаболка
Вечера: свежо сирење или урда со власец прелиен со јогурт

НЕДЕЛА

Појадок: ‘ржан леб, ацидофилно млеко, 10 ореви
Ужина: 5 суви сливи и свежо исцеден сок од портокал
Ручек: пилешки „паприкаш“ со интегрални тестенини, мешана салата
Ужина: јаболко
Вечера: риба печена во фолија, салата од домати, маслинки и кромид.

ПРИМЕР НА ИСХРАНА

Можете да направите и варијација на менито, односно ако не јадете некои од гореспомнатите намирници, тогаш менито за еден ден може да ги вклучува следните намирници:
Појадок: шолја овесни снегулки, банана, чаша сок од портокал
Ручек: 150 гр пилешко, 50 гр целер, една лажица сенф, две парчиња леб од цели зрна, 200 гр домати или краставици, чаша овошен сок
Ужина: шолја овошен јогурт, неколку бадеми или суво грозје
Вечера: 200 гр говедско месо, 250 гр боранија, лажица кисела павлака, 100 гр немасно сирење

Слични објави

(Видео) Трча и ја гушка иконата! Никола Роквиќ откри колку пари собрал за само 10 дена од патувањето за Грција

Еспресо

Ужасен предлог: Милица Павловиќ низ солзи му се дерела на Саша Поповиќ

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ фати риба за која може само да сонува! Пејачот се пофали на социјалните мрежи

Еспресо

(Видео) Северина пееше во Дубровник, Новак Ѓоковиќ уживаше на концертот: Публиката во транс

Еспресо

Кога да ги миете прозорците пред Велигден: Не пропуштајте го овој ден

еспресо

(Фото) Јелена Карлеуша брутално му одговори на Душко Тошиќ: Еве што мисли за девојката со која е уловен во Дубаи

еспресо
Се вчитува....