21.8 C
Скопје
12:07 - 28 септември, 2026

(Фото) Марија Шрајвер деформирана и страшна, „личи на Клингонец“: „Време е Холивуд да стави крај на пластичните операции“

Твитер „бруи“ од новиот изглед на поранешната сопруга на Арнолд Шварценегер, Марија Шрајвер: таа влезе во објективите на фотографите, појавувајќи се без шминка.

Корисниците на Твитер се согласија дека вака како што сега изгледа 66-годишната поранешна прва дама на Калифорнија е резултат на неуспешни пластични операции, па дури и ја споредија со Клингоните (измислена вонземска раса од универзумот Стар Трек).

„Не сакам да бидам груб, но зошто Марија Шрајвер изгледа како Клингонец?– напиша еден корисник.

Друг пак и припиша друга сличност која ја препознал „Марија Шрајвер сега личи на Џон Траволта од Battlefield Earth“.

„Што направи таа со нејзиното лице? Изгледа страшно!“ – многумина се согласија со мислењето на овој корисник, трет пак, прашува „Дали Силвестер Сталоне и Марија Шрајвер го делат истиот пластичен хирург?“, „Време е Холивуд да стави крај на пластичните операции“…

Марија Шрајвер, која е внука на поранешниот американски претседател Џон Кенеди, се омажи за Арнолд Шварценегер во 1986 година. Во бракот, парот имаше четири деца: Кетрин, Кристина, Патрик и Кристофер. Двојката објави дека се разведува во 2011 година кога се дозна дека Шварценегер има син со домашната помошничка Милдред Баена.

Постапката за развод, за време на која и двајцата поранешни сопружници имаа други врски, конечно беше завршена минатата година и се одолговлекуваше поради немотивираноста на поранешните сопружници и тешкотиите со поделбата на заедничкиот имот (неговата вкупна цена беше околу 400 милиони американски долари) . Како што е познато, по поделбата на имотот, Шрајвер добила половина од приходите на Арнолд Шварценегер, вклучувајќи ги и пензиските заштеди.

 

Слични објави

(Фото) Кој е 25 години помладиот Александар кој сè почесто е со Јелена Карлеуша? Таа тврди дека се само пријатели

Еспресо

Неделен хороскоп од 28 септември до 4 октомври: Секој ден пронајдете пет минути мир само за себе и опуштете се

Т.Ц.

(Фото) Нина Бадриќ во елегантно и заводливо издание – прошета по улиците на Париз во тесен црн фустан

Еспресо

Почина синот на пејачот Маријан Стојаноски: „Бог ми го даде и ми го зеде мојот син Петар“

Еспресо

(Видео) Песна на Весна Змијанац крие голема трагедија — вистинската приказна зад еден од нејзините најголеми хитови

Еспресо

Алка Вуица призна дека била љубовница: „Понижувачки е за една жена, мислите дека ќе излезете неповредени, но не можете“

Еспресо
Се вчитува....