01:41 - 31 јануари, 2026

Каде ќе се оджува Евровизија 2023? ОВАА земја веќе го покажала својот интерес, доколку Украина не биде во можност

По трет пат во историјата на Евровизија, Украина победи на музичкиот натпревар кој заврши вчеравечер со финалето. Но каде ќе се одржи Евровизија 2023? По регулатива треба да се одржи во земјата победничка, токму како што се случи со Италија по победата на Манескин во претходното издание. Но, во конкретниот случај со Украина, нешто може да се промени.

По победата на Украина на Евровизија, претседателот Володимир Зеленски ја изрази својата гордост преку објава на Фејсбук:

„Нашата храброст го импресионира светот, нашата музика ја освојува Европа“.

На Телеграм, украинскиот претседател додаде:

„Следната година Украина по трет пат во историјата ќе биде домаќин на Евровизија. Ќе направиме се што е можно Мариупол да биде град домаќин.“

Политичката ситуација поврзана со тековниот конфликт во Украина повеќе од два месеци, сепак, покренува значително прашање: дали земјата ќе може да биде домаќин, по шест години, на новото издание на Евровизија 2023 од инфраструктурна гледна точка?

Во моментов е сè уште рано да се зборува за тоа, но доколку безбедносните услови не се такви за Украина да биде домаќин на настанот, неизбежно ќе се отвори дискусија за земјата домаќин. Една од хипотезите е дека Италија би можела повторно да биде домаќин на настанот, но, кандидати за домаќини на Евровизија 2023 би биле и Велика Британија и Шведска, кои спонтано (според пласманот) ќе аплицираат. Како што објави Еврофестивал Њуз, цитирајќи и напис во весникот Афтонбладет, градоначалникот на Стокхолм веќе ја соопштил нивната заинтересираност да бидат организатори на Евровизија 2023 до украинската амбасада напоменувајќи дека „тоа е уште еден начин да ја дадеме и покажеме нашата поддршка“.

 

Слични објави

(Фото) Ана Николиќ повторно во топ-форма: Го покажа згодното тело во проѕирен комбинезон

Еспресо

Мина и Каспер се разделуваат: По свршувачката, пејачката откри сè: „За два дена повеќе нема да бидеме заедно“

Еспресо

(Фото) Азис позираше со сопругот: „Ви посакуваме среќа на сите“

E.A.

Босанац купил стан од Вики Миљковиќ: Тој има една од најскапите вили во Белград, сега стана сопственик на уште една недвижност

Еспресо

Ја пронајде својата среќа: Харис Џиновиќ има нова партнерка која е 20 години помлада од него

E.A.

Даваше, а и уште ќе дава: Харис Џиновиќ ја заборави Мелина, сега си „бркна“ 20 години помлада

Еспресо
Се вчитува....