24.8 C
Скопје
15:29 - 29 март, 2024

Како да се ослободите од лошата навика грицкање нокти?

Освен што е многу грда навика, таа е и многу опасна. Секој пат кога грицкаме нокти, ризикуваме да се заразиме со вируси и бактерии, што на подолги патеки го слабее имунитетот, и потоа секој нов напад на патогените микроорганизми е сè поризичен, предупредуваат дерматолозите.
Кога ќе ги ставите ноктите во устата, нема граници за бактериите и вирусите и нивното влегување во организмот, што може да резултира со настинка, но и со обичен желудочен вирус. Ако одгризете преголемо парче од ноктот, се случува чувствителната кожа под ноктите да ја изложите на милиони патогени микроорганизми. Устата е полна со бактерии, така што можете лесно да се заразите.
Дерматолозите предупредуваат дека еден од најчестите облици на инфекции е паронихијата, која може да предизвика оток, црвенило, болка и настанување на гнојни чирови. Клетките што овозможуваат раст на ноктите со текот на времето може неповратно да се оштетат, поради што доаѓа до нивно деформирање.

Компулсивното грицкање на ноктите е навика којашто е далеку позастапена отколку што си мислиме. А секој којшто, за жал, успеал да потпадне под влијанието на оваа неубава навика, многу добро знае колку е тешко да се откаже од неа.
Но, која и да е причината за оваа навика – стресот, здодевноста или тешкотиите во врска со моменталните случувања во нашите животи, изгрицканите нокти се глетка којашто не би смееле да си ја дозволиме.

Грицкањето на ноктите може да биде опасно и по здравјето, бидејќи предизвикува деформации кај ноктите, воспаленија на кожата, проблеми со забите, тешкотии со желудникот, па дури и вирусни инфекции предизвикани од постојаниот контакт на прстите со усната празнина. Под ноктите се кријат разни бактерии, како салмонела и Ешерихија коли, кои лицата што ги гризат ноктите лесно можат да ги внесат во организмот. Исто така, оваа навика може да предизвика нарушен раст на ноктите и нивно деформирање.

Совети како да прекинете да ги грицкате ноктите:
– Двапати дневно натопувајте ги прстите во некое масло (маслиново, рицинусово, рибино или масло од чајно дрво), и оставете ги така барем околу 20 минути.
– Можете да употребувате лак за нокти или посебни креми против грицкање. Вкусот на тие средства е горчлив и непријатен. Меѓутоа, ако со време се навикнете на тој вкус и повторно почнете да ги грицкате ноктите – заменете го тоа средство со некое друго.
– Намачкајте ги ноктите со табаско сос или истријте ги прстите со луто пиперче.
– Натопете ги прстите во оцет (околу 5 минути).
– Натопете ги прстите во сок од лимон (околу 5 минути).
– Истријте ги прстите со каранфилче или лук.
– Додека сте дома, секој нокот обвиткајте го со фластер или леплива лента. Ставете ракавици или селотејп. На кутикулите и оштетената кожа нанесете крем за побрзо да ги намалите последиците од грицкањето.
– Не ги средувајте со заби. Секогаш имајте при рака сет за нокти, на тој начин нема да се доведете во искушение.

Откријте ја причината за лошата навика

Психолозите велат дека најважно е да се одреди во која ситуација лицето ги гризе ноктите. Тоа најчесто се случува во случај на интензивиран стрес. Следниот чекор е да се утврди на кој начин да се спречи стресот. Некои пациенти на ноктите нанесуваат лакови со непријатен вкус, но психолозите сметаат дека тоа не е доволно. Истакнуват дека најважно е да се одредат вистинските причини за грицкање на ноктите, а потоа да се применат вистинските потези. Ако се утврди дека навиката е деструктивна, односно дека поради таа навика е отежнато користењето на раката или води кон зачестени инфекции, треба да се побара стручна помош.

Слични објави

Тронот на Монако може да го преземе сестрата на принцот Алберт: Неговиот татко се сомневаше во него! 

еспресо

(Видео) Андрија Милошевиќ на уникатен начин го прокоментира разводот на Драгана Мирковиќ: А што е со неа, дали е здрава?

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ гордо го покажа скапиот прстен што го доби од Драган и објасни како го добива она што го сака

К. А.

(Видео) Прекинат концертот на Александра Пријовиќ во Бања Лука, пејачката веднаш реагираше

Еспресо

Се нижат смешни коментари за разводите на Драгана Мирковиќ и на Харис Џиновиќ: „Зорица и Кемиш ни се последна надеж“

еспресо

Змијанац го коментира разводот на Харис Џиновиќ: „Не знам зошто сите полудеа, разводот е зло“

еспресо
Се вчитува....